Созопол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Созопол

Созопол
Бугарија Бугарија

Област Бургаска
Општина Созопол
Население 7 641
(според 2007)
Регистарска ознака А (BG)
Градоначалник Панаjот Реjзи
Надморска височина 0 м
Портал http://bulgaria.domino.bg/sozopol/
Координати: 42° 25′ С, 27° 42′ И

Созопол (бугарски: Созопол) е град на Црно Море со тврднина. Се наоѓа на полуостров и претставува административен центар на општина Созопол, Бургаска област. Овој пристанишен град со 7 641 жители се вбројува меѓу најстарите антички градови. Градот прв пат се спомнува 610 години пред новата ера како елинска колонија ("полис") на милетски Грци со името Аполонија Понтика.

Со подводните истражувања во акваториумот на созополското пристаниште се откриени антички живеалишта, керамички садови, луксузни предмети, монети, камени и коскени предмети од бронзената епоха.

Созопол е со развиен морски туризам и голем број хотели. Изградени се туристичко-рекреативни и спортски објекти. Близу е до камповите „Каваци“, „Златна рибка“ и „Веселие“.

Во градот има комплекс од староградска архитектура – ХVІІІ-ХІХ в., зградите се изградени во странџански архитектурен стил. Кај црковната архитектура, главен пример е Црквата “Св. Богородица” (ХV в.), коja е под заштита на УНЕСКО.

Личности[уреди]

Празници[уреди]

  • Празници на уметноста Аполонија: 1 септември — 10 септември
  • Џулаja, вечерта на 30 јуни - 1 јули

Надворешни врски[уреди]

Галериja[уреди]