Салта (покраина)
| Главен град | Салта |
| Површина | 155,488 km² |
| Население | 1,079,051 (2001) |
| Густина | 6.94/km² |
| Гувернер | Хуан Мануел Уртубеј |
| Демоним | Салтенец (Salteño) |
| ISO 3166-2 | AR-A |
Салта (шпански: Salta) е покраина на Аргентина сместена во севернозападниот дел на земјата. Се граничи со покраините Формоза, Чако, Сантиаго дел Естеро, Тукуман и Катамарка. Исто така се граничи и со покраината Хухуј. Не север се граничи со Боливија и Парагвај и на запад со Чиле.
Содржина |
Географија и клима [уреди]
Високите врвови на Андите како (Акај, Качи и Чањи) се наоѓаат во североисточниот дел и ги прават долините попознати како Quebrada del Toro, и долината Лерма. Оваа е една од понаселените области и тука се наоѓа главниот град Салта. климата тука се карактеризира со топли лета (просечно од 23 °C до 40 °C) и ладни зими во кои температурата паѓа до смтзнување.
На исток во околината на областа Гран Чако, климата е посубтропска и тука се наоѓа џунглата Јунгас во националниот парк Ел Реј.
Најголеми реки се Пилкомајо, Бермехо и Хураменто, која подоцна станува река Саладо. Покраината Салта е е сместена во многу трусно подрачје, каде има многу земјотреси, како катастрофалните од 1692 и 1948 година.
Економија [уреди]
Агрикултурата и дериватната индустрија се водечки во покраината. Најпознати култури кои се извезуваат се Тутун, шеќерна трска и винарството. Исто така многу се одгледува пченка, грашок, лимони, банана, и домати.
Туризам [уреди]
Салта е дом на голем број природни, културни и историски атракции.
Градот Салта е најважна туристичка дестинација и центар на сите збиднувања. најзначајни места за посета се многуте колонијални куќи и катедрали, археолошкиот музеј во кој има 3 замрзнати мумии од времето на царството на Инките, кои се најдени во вулканот на 6.700 м Лулаилако.
Административна поделба [уреди]
Салта е поделена на 23 департмани (шпански: departamentos).
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Салта (покраина)“ |
- Покраински портал (шпански)
Поврзано [уреди]
|
||||||||||