Ла Риоха (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ла Риоха
Flag of La Rioja province in Argentina.gif


Coat of Arms

Главен град Ла Риоха
Површина 89,680 km²
Население 289,983 (2001)
Густина 3.23/km²
Гувернер Бедер Херера
Демоним Риоханец (Riojano)
ISO 3166-2 AR-F
Provincia de La Rioja, Argentina.png

Ла Риоха (шпански: La Rioja) e покраина во Аргентина, семстена во западниот дел на земјата. Се граничи со покраините Катамарка, Кордоба, Сан Луис и Сан Хуан.

Географија и клима[уреди]

Лоцирана во северозападниот регион на Аргентина, ја прави оваа покраина сува и неплодна. Тука зимите се кратки, додека летата се долги и суви. Годишните врнежи од дожд се нешто помали од 200 мм.

Економија[уреди]

Основна дејност во оваа покраина е земјоделството, кое поради сушната клима што ја има се изградфени големи системи за наводнување. Најзастапено е винарството и се одгледуваат кикирики, маслинки и памук.

Има говеда (250.000 грла) и кози (150.000 грла), кои повеќе се одгледуваат заради нивното крзно.

Се копа глина и ураниум во рудникот „Елдорадо“.

Административна поделба[уреди]

Покраината е поделена на 18 департмани (departamentos).

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]