Историја на Аргентина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Аргентина

Историја на Аргентина

Coat of arms of Argentina.svg

Рана историја
Вицекралство Рио де ла Плата
Британско освојување
Војна за независност
Независност
Уставот од 1853
Освојување на пустината
Ерата на Перон
Ослободителна револуција
Фолкландска војна
Аргентина

Портал:Аргентина

Територијата на денешна Аргентина била ретко населена пред доаѓањето на европските колонисти. Индијанскиот народ Диагуита живеел на овие простори во денешна северозападна Аргентина, во соседство со Империјата на Инките, а недалеку, односно источно живеел и опстојувал народот Гварани.

Првите европјани на оваа територија стапнале во 1502 година, на чело со Америго Веспучи. Шпанците основиле стална колонија на местото каде денеска се наоѓа престолнината на Аргентина, Буенос Ариес во 1580 година, како дел од Вицекралството Перу. Вицекралството било формирано во времето на Карло V, цар на Светата Римска империја на 20 ноември 1542 година со потпишувањето на кралскиот декрет во Барселона. Веднаш по ова започнала граѓанската војна помеѓу Франциско Пизаро и Диего де Алмагро за тоа кој да управува со Перу.

По создавањето на Вицекралството Рио де ла Плата во 1776 година, Аргентина заедно со денешните земји Парагвај, Уругвај и голем дел од Боливија биле вклучени во нејзиниот состав. Престолнина на вицекралството бил градот Буенос Аирес, кој станал голем трговски и финансиски центар. Ова вицекралство било формирано во 1776 година по неизиното одвојување од Вицекралството Перу. Целта на формирањето била заштита на шпанските колонии од се почестите англиски и португалски амбиции за овој регион. Веќе во 1810 година започнало пропаѓањето на вицекралството по објавувањето на независност на Аргентина и Уругвај во 1810 година под името Соединетите провинции на Рио де ла Плата а во 1816 година објавила и независност, потоа Парагвај во 1811 година, Боливија во 1825. Уругвај пак во периодот од 1816 до 1828 година се борел против Бразил и Португалија кои сакале оваа територија даја приклучат кон нивната држава.

Во втората половина на 19 век, Аргентина се развила главно поради својата добра географска положба и пред се излегувањето на море. Во периодот од 1865-1870 година, Аргентина заедно со Бразил и Уругвај воделе војна против Парагвај.

Во текот на модерната историја на Аргентина, на чело на земјата застанале поголем број на избрани власти и воени диктатури. Социјалните и политичките прилики довеле до доаѓање на власт на Хуан Доминго Перон во 1946 година. Самиот Перон спровел агресивна политика во земјата, главно насочена кон зајакнување на земјата. Хуан Доминго Перон на власт се задржал до 1955 година, кога на негово место застанал со воен удар Едвардо Лонарди. Перон бил принуден во прогонство и покрај тоа што останал многу популарен во земјата.

Во текот на 1960-тите, власта се обидела да се соочи со проблемите околу економскиот раст на земјата и социјалните проблеми. Во следните години владееле голем број на немири помеѓу приврзаниците на Перон и неговите непријатели. Така, на крај Перон се вратил од прогонство и на изборите во 1973 година победил на изборите. Тој починал во 1974 година, а власта по ова била превземена од страна на милитаристите. Земјата и во следните години се соочила со неповолната економска состојба.

Овој период од историјата на Аргентина е познат и како гнасен или валкан период, во кој биле убиени и затворени голем број на неистомисленици на воената диктатура, проследено преку кршење на основните човечки права. Се смета дека жртви на режимот биле околу 10.000 до 30.000 население. Сепак, милитаризмот на Аргентина дошол во криза главно поради нерешените економски проблеми на народот.

Во 1982 година се водела Фолкландската војна помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство за спорните Фолкландски острови, Јужна Џорџија и Јужните Сендвички острови. Во времето пред војната, Аргентина била зафатена од голема економска криза и граѓански немири против воената хунта која владеела од 1976.[1] Аргентинската воена власт настојувала да ја задржи моќта преку пренасочување на вниманието на јавноста на вековниот спор со Британија околу суверенитетот на островите[2], но не очекувала дека Британија ќе одговори со воена сила.[3] Суверенитетот на Фолкландските острови е предмет на тензии кој ескалирал кога на 19 март група најмени аргентински трговци го истакнале знамето на Аргентина на Јужна Џорџија, што подоцна било сметано за првиот офанзивен акт во војната. Аргентинската воена хунта, сметајќи дека Британија може да го засили военото присуство во јужниот Атлантик,[4] ја наредила инвазијата на островите за 2 април. Веста за инвазијата најпрво стигнала во Британија преку аматерско радио.[5] Британија најпрво била изненадена од нападот на Аргентина, и покрај повеќекратните предупредувања од своите морнарички офицери за можната инвазија.[6][7] Само неколку недели подоцна, Британците започнале поморска и воздушна офанзива, и за кусо време ги зазеле островите и ги заробиле сите аргентински војници што биле стационирани на нив.

По крајот на војната, под голем притисок на јавноста, во Аргентина конечно биле вратени политичките слободи па од 1983 година биле распишани демократски избори.

Наводи[уреди]

  1. Argentina - the horrors of a dictatorial past live on - Radio Netherlands Worldwide - English
  2. http://www.me.gov.ar/curriform/publica/sirlin_conv_dictadura.pdf Argentine Government
  3. "Que tenía que ver con despertar el orgullo nacional y con otra cosa. La junta —Galtieri me lo dijo— nunca creyó que los británicos darían pelea. Él creía que Occidente se había corrompido. Que los británicos no tenían Dios, que Estados Unidos se había corrompido… Nunca lo pude convencer de que ellos no sólo iban a pelear, que además iban a ganar." ("This was neither about national pride nor anything else.The junta —Galtieri told me— never believed the British would respond. He thought the Western World was corrupt. That the British people had no God, that the US was corrupt… I could never convince him that the British would not only fight back but also win [the war].") La Nación / Islas Malvinas Online. „Haig: "Malvinas fue mi Waterloo"“. http://www.malvinasonline.com.ar/g82/artic/aresp004.htm#Haig. конс. 2006.  (шпански)
  4. En Buenos Aires, la Junta comenzó a estudiar la posibilidad de ocupar las Islas Malvinas y Georgias antes de que los británicos pudieran reforzarlas
  5. BBC NEWS | UK | How BBC man scooped invasion news
  6. Obituary: Captain Nicholas Barker | Independent, The (London) | Find Articles at BNET.com
  7. high cost of cuts, The | Spectator, The | Find Articles at BNET.com