Жозе де Сан Мартин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Жозе Франциско де Сан Мартин Маторас исто познат како Жозе де Сан Мартин (25 февруари 177817 август 1850) бил Аргентински генерал и премиер на јужниот дел на успешната Јужно Американска борба за независност од Шпанија.

Роден е во Јапеју, во раните години ја напушта родната земја и студира вo Мадрид, каде се среќава и спријателува со Чилеан Бернардо Хигинс. Во 1808, после приклучувањето на Шпанските сили во борбата против Франција и учествувањето и во неколку борби како борбата на Баилен и борбата на Албура. Во 1812, тој плови за Буенос Аирес од Англија, и ги понудува своите услуги на Соединетите Провинции на југот.

После борбата за Сан Лорензо во 1813, мал период командува со Армијата на Север до 1814, па го започнува планот за напад на Лима.Во 1817, тој ги поминува Андите од Мендоза во Чиле, и успешно се бори против Шпанските сили.

Жозе де сан Мартин

Раѓање[уреди]

Син на шпанеците Жуан де Сан Мартин и Грегорија Маторас, тој беше роден како петто и последно дете на 25 Февруари, 1778 во Јапеју, мало село во Кориентес, Аргентина. Неговиот татко беше полковник во канцеларија како подгувернер на Јапеју започнувајки од 1774. Во 1781, фамилијата се пресели во Буенос Аирес.

Шпанија[уреди]

Во 1784, неговиот татко беше префрлен повторно,овај пат во Шпанија. Па и фамилијата се пресели во Шпанија, и Сан Мартин се запишува во Мадридското “Real Seminario de Nobles” каде студираше од 1785, и го сретна и се спријатели со Бернардо О Хигинс. Во 1789, на 11 годишна возраст, Сан Мартин го напушти “ Real Seminario de Nobles ”, се запиша на “Regiment” на Мурика каде ја почна воената кариера.

Воена кариера во Европа[уреди]

После приклучувањето во “Regiment” на Мурика, Сан Мартин учествувал во неколку кампањи во Африка, бореќи се во Мелила и Оран, и други места. Подоцна, на крајот од првото здружување на Француските револуционерни Војни во 1797, неговиот ранг порасна во потполковник за неговата акција против Франција во Пиринеите. Набргу, продолжи да се бори во јужна Шпанија, главно во Кадиз и Гилбартар со ранг од втор-капетан на лесна пешадија.Кога Пенсилванските војни започнаја во 1808, Сан Мартин беше приклучен како Шпански помагач на Првиот “Regiment“ Voluntarios de Campo Mayor. После неговите акции против Французите, тој стана капетан на “Regiment” на Борбон. На 19 Јули,1808, Шпанските и Француските сили учествуваа во “Battle of Bailén”, каде Шпанските сили преовладуваа, дозвулувајки и на армијата на Андалуција да го нападнат и заземат Мадрид. За неговите акции додека траела оваа борба, на Сан Мартин му беше даден златен медал, а неговит ранг порасна на Поручник. Додека беше во Шпанија, Сан Мартин беше запознаен со движењата за независност во Америка. Години подоцна, на 11 септември, 1848, во писмото до Рамон Кастила тој напиша дека во 1811, “ На средбата со Американците во Кадиз, дознав за првите движења во Карерас, Буенос Аирес и на други места, па ние решивме повторно да се вратиме во нашата родна земја, со обврска да ги понудиме нашите услуги во борбата… ” На 16 мај 1881, учествуваше во битката на Албуера под команда на генерал Вилиам Кар Бересфорд.

Јужна Америка[уреди]

Сан Мартиновиот гроб во катедралата на Буенос Аирес

Аргентина[уреди]

За време на 1812, тој се фокусира на тренирање на трупите со модерни воени техники кои ги стекна за време на Шпанската борба за независност. Во август истата година се ожени со Мариа де лос Ремедиос де Ескалада, млада девојка од локалните богати фамилии. Во октомври, кога вестите за победата на Северната Армија, командувана од Мануел Белграно стигна во Буенос Аирес, Лаутаро Лодге иницира политички притисок, со инсистирање за враќање на силите на Сан Мартин и нивно ставање во владата, така туркајки го првиот Триумвират во крај, и создавајки втор Триумвират со членови Јуан Жосе Пасо, Николас Родригес Пена и Антонио Алварез Јонте. Оваа нова влада ја зајакна својата позиција потпомогната од војската, и реши да постави опсада на Монтевидео, кој беше контролиран од лојалистите на Шпанската круна. На 7 декември, 1812, Сан Мартин беше промовиран во полковник.

Почетокот на неговата воена кариера во Јужна Америка[уреди]

На 28 Јануари, 1813, Сан Мартин со неговите Планински Грандинери (сочинувајки ја околу 150 борци) беше пуштен да ја заштити реката Парана од Шпанската флота од 11 бродови под команда на Генерал Јозе Завала. Утрото на 3 февруари, шпанските сили од околу 250 луѓе се истоварија и почнаја борба против Сан Мартин во битката на Сан Лорензо. За време на борбата, коњот на Сан Мартин бил засрелан и паднал мртов, зафајкајки му ја едната нога на Сан МАртин. Ова го направило него полесна мета, но Саргент Јуан Баутиста Кабрал му помогнал. Додека му помагал на поручникот Кабрал се повредил себеси, и починал после борбата од раните кои ги добил. После борбата, Сан Мартин беше прогласен за Генерал. Ова беше првата воена акција на Сан Мартин во Јужна Америка.

Армијата од север[уреди]

После победите на Армијата од север во битките на Тукуман и Салта, армијата командувана од Мануел Белграно ја загуби земјата после поразите во Битката на Виликапугио (1 октомври) и Ајохума, 14 ноември 1813. Триумвиратот потоа реши да го пушти Сан Мартин на север со мала пешадија. По придружувањето на поразената Армија на север во Јатасто, тој ја презеде командата во јануари 1814, Белграно стана втор во командата. Додека командувал, армијата престојувала во Тукуман, каде започнал обука на трупите, создал нова воена школа, и го пратил поручникот Мартин Мигуел де Гуемас да се бори против лојалистите кои доаѓале од Перу за да добие во време. Така, после помалите борби во Салта и Јујуј, пристигаја вестите за победата на командирот Гуилермо Бровн против лаојалистичката морнарица, и блокадата на Монтевидео, која ја направија силите на лојалистите од Перу повлекувајки се за да ги соберат силите. Додека ја командуваше армијата од север, Сан Мартин потврди една од причините позади Маитландовата шема: Силите на ројалистите кој слегоа од Горно Перу 9 денешна Боливија) беа лесно поразени од силите за незвисност во долините на Салта и Јујуј. Но поради географсакта предност, силите напагаќи го Горно Перу беа лесно поразени ради истите причини.

Гувернер на Кујо[уреди]

Во Кордоба, Сан Мартин продолжил да го подготвува својот план за напад на Лима – главниот град на вицекралството Перу - вклучувајки го Чиле. До крајот, тој бараше да биде избран гувернер на Кујо. Подоцна, Јуан Пуејредон беше пратен од провинциската влада на Обидинетите провинции од Рио да ла Плата, и му даде на Сан Мартин целосна подршка на неговата ослободувачка кампања. Во неговата канцеларија, додека Сан Мартин беше фокусиран на подготовките за премин преку Андите, тој исто ги исполнуваше и своите обврски како гувернер. Додека беше гувернер, тој создаде строгост при собирње на таксите, нареди масовна вакцинација против вариола, и основа библиотека. Тој исто го реорганизира поштенскиот сервис во однос на безбедноста. Покрај другото тој се обиде да ги потикне и другите провинции да декларираат независност.

Армијата на Андите[уреди]

Cerro de la gloria: Споменикот на армијата на Андите Mendoza, Argentina.

Додека говернеруваше на Кујо, тој ја организира армијата на Кујо. На 8 ноември 1814 тој го создаде 11 тиот батајлон пешадија (Шпански,Batallón Número 11 de Infantería) каде го вклучи корпусот на Чиле (Шпански, Cuerpo de Chile, кој беше под команда на Аргентинскиот генерал Грегорио де Лас Херас. Овој Чилеански корпус беше остаток од армијата која побегна од Чиле после битката на Ранкагуа. Во октомври 1815, после соработката од повеќе провинции, армијата имаше 1600 пешадиски војници, 1000 души во коњаница, 200 души во артилеријата и 10 топџии. Така многу проблеми се појавија, како мал број на залихи на барут, челик, и униформи,бидејки егзистирањето на локалните индустрии не беа доволни за да ја снабдат Армијата од север. Па затоа Сан Мартин го реши проблемот со тоа што отвори локални индустрии во Кујо. Од друга страна, иако имаше подршка од Обидинетите Провинции на Рио де ла Плата, подршката беше далеку од национално ниво. Неговите зафати често беа оценувани со скептицизам од локалните лидери. Сепак, на 1 август Пујередон ја преименува армијата во Армија на Андите и Сан Мартин беше прогласен за генерал, давајки и на армијата национална приоритетност. На крајот од подготовките, Армијата на Андите имаше 3 генарали, 28 шефа, 15 цивилни работници, 3.778 војници и 1.392 auxiliary forces, вкупно 5.432 луѓе, 1.500 коњи и 9.280 мулина. Сево ова беше ставено под контрола на Сан Мартин.

Кампањата во Чиле[уреди]

По преминувањето на Андите и навлегувајки во Чиле, Шпанските ројалистички сили ги зазеле позициите во планинатав “ Cuesta Vieja” подготвувајки се себеси за конфронтација против армијата на Андите.

Битката на Чакабуко[уреди]

Битката на Чакабуко

До 10 февруари 1817 година Армијата на андите беше во долината Аконкагва, а шпанските ројалистички сили сѐ уште немаа заземено точни позиции. Тогаш Сан Мартин ја презеде инцијативата и потребните подготовки за неговиот напад. На 12 ноември 1817 год, силите предводени од Сан Мартин започнале со искачување на планината “Cuesta Vieja” поделени во две главни дивизии. Спроти југ, дивизијата од лево беше под командата на генералот Miguel Estansiao Soler, а онаа на десно под командата на О Хигинс. Набрзо по неочекуваната битка, од страна на ројалистичките сили загинале 500 војници, а 600 ројалистички војници биле во притвор. На страната на армијата на Андите имало околу 12 убиени и околу 100 повредени. Сан Мартин пратил порака, известувајки за победата “ Армијата на Андите издвојува победа. За 21 ден ја завршивме кампањата, поминувајки низ највисокиот планински врв, поразувајки ги тираните и давајки слобода на Чиле”.

После битката на Чакабуко[уреди]

Статуата на Жозе де сан Мартин во Santiago de Chile.

На 14 февруари, Сан Мартин и О Хигинс, победнички влегле во Сантијаго, и на 18 февруари, на состанокот одржан во градскиот отворен салон, Сан Мартин бил назначен за гувернер на Чиле. Сан Мартин веднаш одбил, а О Хигинс бил избран за председател на Чиле. Соединетата армија била создадена од Чилеански и Аргентински војници. Чилеанските војници биле под команда на О Хингис, додека Сан Мартин бил генерал на раководството на целата обединета армија. Потоа Сан Мартин со цел да го зголеми фондот за флота заминал за Буенос Аирес. После преговорите со била испратена делегација во Лондон за да обезбеди бродови за нова флота во Тихиот Океан. Назад во Чиле во последните денови на 1817 година, Сан Мартин испратил делегација за Лима, со цел за регулирање на војната и размена на “POW’s”. Вистинската цел била да обезбеди што е можно повеќе информации за плановите на непријателот. Делегацијата донела вести дека Шпанската Армија под водство на генерал Маријано Осорио, се спремала да заплови за јужно Чиле.

Битката на Кајча Радја[уреди]

Битката резултирала со околу 150 убиени и 200 одведени во заложништво. Неколку стотини девертирале и целата артирелија од аргентинска страна била изгубена, заедно со поседувањата од коњи, мулина од двата дела на Чилеанската и Аргентинската војска. И покрај ројалистичката победа, акцијата покажала загуби и на нивната страна: 200 војници биле убиени, 300 луѓе затворени и околу 600 дезертирале. Вкупно пресметано 2 500 луѓе кои биле вклучени во битката.

Перу[уреди]

Националното знаме на Перу (1821-1822), создадено од Сан Мартин.

На 20 август 1820, флота од осум воени бродови и шеснаесет транспортни бродови од Чилеанската воена морнарица, под команда на Томас Александар Кохран, 10 ти гроф од Дундоналд, пловеше од Валпаризо до Паракас, јужен Перу. На 7 ми септември, армијата се призејми во Паракас и успешно го нападна Писко. На 11 септември 1820, Сан Мартин пушти манифест до граѓаните на Перу пишувајки “... Победата ќе го направи Перу главен, каде синовите за првпат ќе бидат обединети, слободно бирајки ја својата нова влада и борејки се со другите нации на земјата...” Додека претходните кампањи беа милитаристички, Сан Мартин избегнувал соочување во Перу и фразираната дипломатија. Неговата стратегија се состоеше од чекање граѓаните на Перу да почнат да се бунат самите. Ова резултираше на многу дипломатски пратеници во Лима, залагајки се гувернерот Јоакуин де ла Пезуела да ја подари независноста на Перу. Така, овие дипломатски зафати се покажаја неплодни. На 29 Јануари, Пезуела се свртува со Јозе де ла Серна. На 21 февруари 1821, Сан Мартин донесува Провинциски правила тежејки да донесе сигурност за граѓаните на Перу, и го креирал првото знаме на Перу. Подоцна започнал да подготвува марш на Лима На 2 Јули, Сан Мартин се сретна со Вицерој Серна. Овај пат Сан Мартин предложил да создадат уставна монархија. Серна, расправал дека нема моќ да создаде одлука, барајки два дена да разговара за темата. Така после дискусијата за темата со командирите на ројалистичките сили, понудата беше одбиена со образложение дека тие немаат моќ да поклонат независност, ни да креираат монархија.

Заштитникот на Перу[уреди]

Жозе де сан Мартин прогласува независност на Peru на 28 јули 1821 во Lima, Peru

Сан Мартин ја окупира Лима, главниот град на Перу, на 12 јули 1821. Ова беше огромна загуба за Шпанските сили. Независноста на Перу од Шпанија беше конечно донесена на 28 јули 1821 и тој беше изгласан за заштитник на новата независна нација. Истата година, тој ја основа Националната библиотека на Перу, каде ја донира својата колекција на книги, и ја фали новата библиотека како “една од најефективните средства за ширење на нашите интелектуални вредности ”. Откако парламентот на Перу беше свикан, тој се откажа од командувањето.

Средбата во Гујакуил[уреди]

На 26 јули 1822, се сретна со Симон Боливиар во Гуајакуил да ја испланираат иднината на Латинска Америка. Многу од деталите од оваа средба беа тајна, и ова беше случај кој отвори многу дебати од подоцнежните историчари. Некои веруваат дека Боливиар одбил да ја подели командата на комбинираните сили составени од Сан Мартин од Перу и се сели како фармер во Мендоза, Аргентина. Друга теорија кажува дека Сан Мартин отстапил пред Боливаровата енергија и избегнал недоразбирање.

Прогонството во Европа[уреди]

Jose de San Martin.jpg

Во 1824, после смрта на неговата жена,со неговата ќерка Мерцедес се преселуваат во европа,најпрво во Англија, потоа во Брисел. За да ја задржи неутралната позиција за време на Белгиската револуција, се преселува во Париз каде фаќа колера. Лекуван но ослабнат, тој купува куќа и се повлекува во Гранд – Бург, близу Еври, но поторно беше вознемируван од историјата. Во 1848, кога револуцијата започна во Париз, тој реши да се пресели во Лондон, но крајно застана во Боулогне-сур-Мер каде ги потроши остатокот од неговите денови. Неговата последна активност на Аргентинска почва беше примањето поклон од гувернерот на Буенос Аирес – Жуан Мануел де Росас и неговото одбивање да се бори во граганските борби кои ја зафатија земјата. Во 1880 неговите остатоци беа префрлени од Бруној во Буенос Аирес и погребан во Катедралата во Буенос Аирес.

Други врски[уреди]