Турска азбука

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Турската азбука е писмото што се користи за пишување на турскиот јазик. Азбуката е базирана врз латиницата, со мали модификации приспособени кон турскиот фонетски систем и азбуката. Турската азбука има 29 букви, од кои 8 се самогласки а останатите се согласки. Согласки во турскиот јазик се A, E, I, İ, O, Ö, U и Ü. Карактеристична буква за турскиот јазик е буквата Ğ.

Азбука[уреди]

Турската азбука е следнава:

Големи букви
A B C Ç D E F G Ğ H I İ J K L M N O Ö P R S Ş T U Ü V Y Z
Мали букви
a b c ç d e f g ğ h ı i j k l m n o ö p r s ş t u ü v y z

Изговор[уреди]

Буква МФА Македонски изговор Буква МФА Македонски изговор
A a /a/ а M m /m/ м
B b /b/ б N n /n/ н
C c /dʒ/ џ O o /o/ о
Ç ç /tʃ/ ч Ö ö /œ/ Нема на македонски.Исто како германското Ö.
D d /d/ д P p /p/ п
E e /e/ е R r /ɾ/ р
F f /f/ ф S s /s/ с
G g /g/ or /ɟ/ г Ş ş /ʃ/ ш
Ğ ğ /ɣ/ Нема на македонски T t /t/ т
H h /h/ х U u /u/ у
I ı /ɯ/ ` Ü ü /y/ Нема на македонски.Исто како германското Ü.
İ i /i/ и V v /v/ в
J j /ʒ/ ж Y y /j/ ј
K k /k/ or /c/ к Z z /z/ з
L l /ɫ/ or /l/ л

Видете исто така[уреди]