Виетнамска азбука

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Виетнамската азбука (Quốc Ngữ; во буквален превод национален јазик) е официјалното писмо со кое се запишува виетнамскиот јазик. Азбуката се заснова на латиницата, поточно на португалската азбука.[1]) Азбуката има надредни знаци и акцентски ознаки и тоа ја прави лесно препознатлива.

Азбука[уреди]

Оваа статија содржи фонетски симболи по МФА. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо уникодни знаци.


Виетнамска азбука
буква име МФА македонски еквивалент
A a a /aː˧/ а
Ă ă á /aː˧˥/ кратка а
 â /əː˧˥/ подолг глас ’
B b bê; bờ /ɓe˧/ (уфрлена) б
C c xê; cờ /se˧/ к
D d dê; dờ /ze˧/ з
Đ đ đê; đờ /ɗe˧/ д или грлен допирен глас
E e e /ɛ˧/ е
Ê ê ê /e˧/ е или ’
G g giê; gờ; ghê /ʒe˧/ ж или заднонепчено х
H h hắt; hờ /hat˧˥/ х
I i i; i ngắn /i˧/ и
K k ca /kaː˧/ к
L l e-lờ; lờ /ɛ˧ləː˧˩/ л
M m em-mờ;em; mờ /ɛm˧məː˧˩/ м
N n en-nờ; en; nờ /ɛn˧nəː˩/ н
O o o /ɔ˧/ о
Ô ô ô /o˧/ нема, затворена о
Ơ ơ ơ /əː˧/ нема, затворена задна ’
P p pê; pờ; bê phở (colloq.) /pe˧/ п
Q q cu; quy; quờ /ku˧/ к
R r e-rờ; rờ /ɛ˧ʐəː˧˩/ з
S s ét; sờ; xờ mạnh; xờ nặng /ɛt˧˥/ мека ш
T t tê; tờ /te˧/ т
U u u /u˧/ у
Ư ư ư /ɨ˧/ нема, затворена средна и
V v vê, vờ /ve˧/ в или ј
X x ích; xờ; xờ nhẹ /ik˧˥/ мека ш
Y y i dài; i-cờ-rét /i˧zaːj˧˩/ и или долга и

Белешка: Именувањето на b 'bê bò' и p 'bê phở' е за да се избегне забуна во некои дијалекти или контексти, исто како s 'xờ mạnh (nặng)' и x 'xờ nhẹ', i 'i ngắn' и y 'i dài'. Q, q е секогаш проследена од u во секој збор, на пр. quang (светло), quần (тренерки), quyến rũ (напаѓа), итн.

Наводи[уреди]

  1. Roland Jacques (2002). „Portuguese pioneers of Vietnamese linguistics prior to 1650“. Orchid Press. http://www.orchidbooks.com/book_reviews/port_pioneer.html. 

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]