Лимузенски дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лимузенски
Limousin
Застапен во Франција
Подрачје Лимузен, Шаранта, Дордоња
Говорници 10.000  [1]
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3
Linguist oci-lim
Linguasphere 51-AAA-gj
Occitan en France.PNG
Застапеност на лимузенскиот дијалект во рамките на окситанското говорно подрачје

Лимиузенски (самонар. Limousin, окситански: Lemosin) — дијалект на окситанскиот јазик застапен во три департмани од регионот Лимузен, како и делови од Шаранта и Дордоња во југозападна Франција.

Првите записи на окситански јазик се напишани на овој дијалект. Од нив се издвојува „Песна за Боетиј“ (Lo poema de Boecis), напишана околу 1000 г.

Говорот е застапен само кај средовечните и постари лица во селските средини. Сите говорат француски како прв или втор јазик. Согласно јазичната политика на Франција, државата не го признава окситанскиот јазик и затоа му се заканува изумирање. Во Лимузен други делови на Окситанија постои активно движење за оживување на јазикот со дејноста на книжевно-културното друштво „Фелибри“ и Институтот за окситански изучувања.

Разлики со лангдочкиот[уреди]

Следниов извадок ја илустрира разликата помеѓу лимузенскиот и лангдочкиот говор. Дадена е Универзалната декларација за човековите права: „Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.“

Лимузенски Лангдочки
Totas las personas naisson liuras e egalas en dignitat e en drech. Son dotadas de rason e de consciéncia e lor chau agir entre elas emb un esperit de frairesa. Totes los èssers umans naisson liures e egals en dignitat e en dreches. Son dotats de rason e de consciéncia e se devon comportar los unes amb los autres dins un esperit de fraternitat.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]