Латвиската абука[1] (лет.latviešu alfabēts) или наречена летонска азбука е писмото што се користи за летонскиот јазик, и заснована е на латиницата и има 33 букви. 22 букви од азбуката се латинични а додека останатите букви се посебно означени букви (со надредни и подредни знаци) приспособени на гласовниот систем на латвискиот јазик, кој е мошне сличен на македонскиот. Буквите се следниве:
Денес, буквата о во латвискиот јазик се изговара на три начина и тоа како /uo/, /o/ или /oː/. Односно како дифтонгот uo, потоа може да се сретне и изговор на буквата како обична o или како долга o.
Напомена: При предавањето на латвиските поими на македонски, должината на самогласките не се бележи. Таа е претставена со удвоени македонски примери во табелата само за да се добие претстава за нивната звучност.
↑Според правописот на македонскиот јазик, двата назива „летонски“ и „латвиски“ се користат подеднакво во македонскиот јазик, па така и низ оваа статија.