Правопис на холандскиот јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Правописот на холандскиот јазик се служи со латиницата во согласност со системот кој се има развиено за потребите на холандскиот јазик. Оваа статија го разработува современиот правописен систем, и го проследува развојот на холандскиот правопис во неговиот напредок од средниот век па сè до последните две столетија, со честите владини одредби за подобрување и упростување на системот.

Систематичност[уреди]

Холандскиот правопис е познат како особено логичен. Тој е прилично лесен за совладување бидејќи, откога ќе се научи системот, изговорот секогаш може да се изведе од напишаното, со исклучок на извесни лични имиња и туѓи заемки. За холандските деца пак, ова не е толку лесно, бидејќи обратната операција на изведување на пишувањето од изговорот не е така проста: на пример, /k/ може да се напише со ‹c› или со ‹k› во заемки, додека ‹ou› и ‹au› звучат исто, а во стандардниот дијалект истозвучни се и ‹ij› и ‹ei›. Критичарите приговараат дека иако системот е логичен, тој понекогаш знае да биде архаичен: диграфот ‹oe› се пишува така бидејќи некогаш била дифтонг, но сега е проста самогласка /u/; комбинацијата ‹sch› што го претставува гласот /s/ во наставката -isch е исто така историска и застарена. Меѓутоа сè на сè, може да се заклучи дека холандскиот има натпросечно фонемски правопис.

Современ правопис[уреди]

Холандскиот правопис е утврден со законска одредба и како таков е задолжителен за сета владина документација и сите образовни установи.

Основни графеми[уреди]

Ова е листа на основните графеми во холандскиот јазик, со нивната звучност по МФА и транскрипција на македонски. Во некои случаи истата буква звучи (се изговара) различно кога стои на почетокот и на крајот од слогот.


Холандски согласки
правопис МФА макед.
траскр.
почетно завршно почетно завршно
b [b] [p] б п
ch [x], [ʃ] [1] [x] х, ш х
d [d] [t] д т
f [f] ф ф
g [ɣ], [x] [x] г х
h [ɦ] х
j [j] ј
k [k] к к
l [l] л л
m [m] м м
n [n] н н
ng [ŋ] нг
nj [ɲj] њ
p [p] п п
ph [f] ф ф
qu [kw][2] кв
r [ɾ], [r], [ʀ][3] р р
s [s] с с
sch [sx] [s] сх с
sj [ʃ] ш ш
t [t], [(t)s][4] [t] т,(т)с т
tj [tʲ] тј
tsj [tʃ] тш
v [v] в
w [ʋ] в в
x [ks], [ɡz][5] [ks] кс, гз кс
y [j][6] ј
z [z] з
        
Холандски самогласки и дифтонзи
правопис МФА макед.
траскр.
отворена затворена отворена затворена
a а а [ɑ] [aː]
aa [aː] а
aai [aːi̯] ај ај
au [ʌu], [ʌː][7] ау, а ау, а
ay [ai] ај ај
e [ɛ] [eː], [ə] е е
ee [eː] е е
eeuw [eːu̝] еу еу
ei [ɛi], [ɛː][7] еј е
eu [øː] е е
i [ɪ], [ə] [i] и, е е
ie [i][8] и и
ieuw [iːu̝] иу иу
ij [ɛi], [ɛː], [ə][7] еј, е, е еј, е, е
o [ɔ] [oː] о о
oe [u] у у
oo [oː] о
ooi [oːi̯] ој ој
ou [ʌu], [ʌː][7] ау а
u [œ] [y] е и
ui [œy], [œː][7] еј е
uu [y] и
uw [yːu̯] иу иу
y [i], [ɪ][6] и, и и, и
  1. во зборови од латинско потекло
  2. како и во англискиот, q може да стои само пред u, и оваа комбинација се изговара [kw], а во мал број зборови почесто се изговара со [k]
  3. r е немо пред g во извесни дијалекти
  4. кога стои пред i, /s/ во јужните дијалекти и кај некои заемки
  5. Во јужните дијалекти x помеѓу самогласки понекогаш се изговара како [ɡz], но ова обично не се случај со северните дијалекти
  6. 6,0 6,1 y обично е самогласка, или [i] или [ɪ] кај отворените и затворените слогови, а согласка е само во мал број заемки
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Во јужните холандски дијалекти овие не се дифтонзи, додека во северните дијалекти истите се дифтонзи.
  8. иако непа потреба од пишување на ie во отворени слогови, ова сепак често се прави, а на крајот на зборот [i] обично се пишува со ie, а само ретко со i

Двојни самогласки и согласки[уреди]

Бидејќи холандскиот има многу повеќе самогласки од латиницата, тие се бележат по пат на сложен систем на единечни и двојни самогласки и согласки. Една иста буква се користи за бележење на пар самогласки кои се меѓусебно блиски во самогласниот простор на МФА. Зависно од конкретната фонолошка расправа, членовите на секој пар добиваат разни називи: остра/тапа, јасна/темна, слободна/врзана, напрегната/лабава, отворена/затворена, долга/кратка. Иако должината на звуците во холандскиот со себе обично не носи фонемско значење, многу говорници изговараат еден од гласовите од секој пар како малку подолг, па така поимот долга/кратка по традиција се однесува на правописниот систем, иако некои од другите показатели можеби се поточни.

Основен запис на самогласните фонеми
Пишано Долга фонема Кратка фонема
a ɑ
e ɛ
i ɪ
o ɔ
u ʏ

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Библиографија[уреди]

  • Marijke van der Wal, Geschiedenis van het Nederlands, Utrecht: Het Spectrum, 1994.
  • Nicoline van der Sijs, Taal als mensenwerk. Het ontstaan van het ABN, Den Haag: Sdu Uitgevers, 2004.