Лале

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лале
Култивирано лале.
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermae
Ред: Liliales
Фамилија: Liliaceae
Потфамилија: Lilioideae
Род: Tulipa
Видови

Во текстот.

Лале (латински: Túlipa) е име на род кој се состои од многугодишни луковичести растенија од фамилијата на Лилјани. Латинското име на родот произлегува од персискиот збор toliban ("турбан") и се однесува на сличноста на цветните пупки на овие растенија со источњачката капа турбан.[1]

Етимологија[уреди]

Македонскиот назив „лале“ е навлезен од персискиот јазик преку турскиот. Оригинално на персиски е لاله, [lâleh].

Опис[уреди]

Морфолошки особености[уреди]

Лалето е тревесто луковичесто многугодишно растение. Височината на растенијата е различна во зависност од видот и сортата и се движи од 10-20 до 65-100 cm.

Коренов систем[уреди]

Се состои од додатни корења кои изумираат секоја година, сместени на дното од потковицовидниот долен дел од стеблото. Кај младите луковици (до првото цветање) се образуваат столони - шупливи структури на чие дно се наоѓа странична луковица. Обично столоните растат вертикално во низа, ретко странично.

Стебло[уреди]

Претставено е во три форми: надземно стебло, столон и генеративни изданоци кои ги носат цветовите и лисјата. Стеблото е исправено, цилиндрично, со висина од 5-20 до 85-100 cm.

Лисја[уреди]

Тие се издолжено-ланцетни, зелени или синозеленкасти, со мазни или разбранети рабови и мала восочна покривка. Нерватурата е виножитовидна. Распоредени се последователно и го опфаќаат стеблото. Најдолниот лист е најголем, додека најгорниот (т.н. флаг-лист) е најмал. Кај кауфмановото лале (T. kaufmanniana), грејговото лале (T. greigii), микелиевото лале (T. micheliana) и нивните градинарски форми, горната страна на листовите е украсена со виолетово-кафеави, пурпурни дамки или стрии, ленти, кои му даваат на растението посебен декоративен ефект. Кај возрасното цветачко растение има најчесто 2-4(5) листа кои се сместени во подолниот дел на стеблото. Кај младите растенија (до првото цветање) единствениот лист се развива при крајот на вегетативната сезона. Зачетоците на листовите се создаваат во новите луковици од возрасното растение во вегетативниот период, а растот продолжува во следната сезона.

Цвет[уреди]

Обично еден, но постојат и повеќецветни видови (T. praenstas, T. turkestanica) и нивни сорти на чии цветоносци има 3-5 цветови, па и повеќе. Цветот е правилен, хермафродитен, околуцветникот се состои од шест слободни ливчиња, прашници има шест со издолжени антери; плодникот е со врвен трикоморен јајчник, постои кратко столпче и триделна стигма. Цветната формула на лалето е \ast P_{3+3}\; A_{3+3}\; G_{(\underline3)}. Цветовите на лалињата се најчесто црвени, жолти, а поретко и бели. Бојата на различните сорти на лалиња е мошне разнообразна: од чисто бела, жолта, црвена, пурпурна, виолетова и речиси црна до комбинации од две, три или неколку бои. Често основата на венечните ливчиња е обоена со друга боја, различна од основната, што го образува т.н. дно на цветот. Формата на цветот е исто така многу разнообразна: бокаловидна, чашовидна, овална, лилјановидна, божуровидна, фимбријатна, ѕвездеста итн. Цверовите се крупни, со должина до 12 cm и дијаметар од 3 до 10 cm, а целосно отворените цветови на некои видови достигнуваат и до 20 cm во дијаметар. Цветовите на лалињата се отвораат широко на сонце и се затвораат ноќе и при облачно време.

Плод[уреди]

Многусемена кутијка со триаголна форма. Семињата се плоски, триаголни, кафеавкасто-жолти, распоредени хоризонтално во два реда во секоја гнездова кутијка.

Одбрани видови[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Н. Ф. Золотницкий. Цветы в легендах и преданиях. Москва, 1913. (руски)