Северен ндебеле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Северен ндебеле
isiNdebele
Застапен во Зимбабве, Боцвана, ЈАР
Подрачје Северен Матабелеленд и Јужен Матабелеленд во Зимбабве; Североисточен округ во Боцвана
Говорници 2–3 милиони  (2001)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-1 nd
ISO 639-2 nde
ISO 639-3 nde
Linguasphere 99-AUT-fk вкл.
варијанти 99-AUT-fka
до 99-AUT-fkd
Гатриев код S.44[1]
Јазик ндебеле
 лице  umNdebele
 народ  amaNdebele (пор. Matebele)
 јазик  isiNdebele

Северниот ндебеле (Исиндебеле, Синдебеле) е африкански јазик од нгунската група на банту-јазиците што го говори народот Ндебеле (Матабеле) во Зимбабве.

Јазикот е сроден на зулу од ЈАР, бидејќи народот Ндебеле потекнува од следбениците на водачот Мзиликази, кои го напуштиле Квазулу на почетокот на XIX век, за време на немирниот период мфекане.

Двата јазика наречени „ндебеле“ не се варијанти на еден ист јазик, туку сродни јазици од нгунската група. Северниот е впрочем дијалект на зулу, додека пак постариот јужен ндебеле припаѓа на друга подгрупа. Задничкото име го носат поради контактот со иселениците на Мзиликази и изворниот народ Ндебеле, чија територија ја преминувале при раселбата.

Азбука и гласови[уреди]

Азбуката е лесна и фонетска, а секоја самогласка има по еден глас. Акцентот паѓа на претпоследниот слог.

Самогласките се: a, o, u, e и i.

Постојат три чкрапави гласа: c, q и x.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online

Надворешни врски[уреди]