Конга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пар конга

Конгa e удирачки инструмент од групата на мембранофоните инструменти, по потекло од Африка[1].

Конгата е висок, тенок инструмент, изработен од дрво или фиберглас, со една растегната кожа. Вообичаената должина од дното до врвот изнесува 75 см и обично се свири седејќи. Доколку се монтирани држачи, може да се музицира стоејќи.

На конгата се свири со раце без палки, слично како кај бонгото, тарабуката и сл. Обично се свири во групи од две до четири конги. Карактеристични се за афро-кубанската и латиноамериканската музика. Конга е традиционален инструмент во изведбата на румба, а лицето што удира на конга, на шпански се вика conguero.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Music of Puerto Rico Архивирано на 30 декември 2009 г. анг.