Мембранофон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тимпаните спаѓаат во котлести мембранофони

Мембранофон е кој било музички инструмент што произведува звук првенствено по пат на вибрирање на растегната мембрана[1]. Тој спаѓа во една од четирите главни поделби на инструментите во оригиналниот систем на Хорнбостел-Сакс за класификација на музчките инструменти.

Повеќето мембранофони се тапани. Хорнбостел-Сакс ги дели тапаните на три основни видови:

  • удирачки тапани, каде кожата се удира со палка, со рака или со нешто друго;
  • стринг (жичени) тапани, каде што непосредно до кожата има растегнати жици, кои своите вибрации ги пренесуваат на кожата;
  • фрикциони (триечки) тапани, каде едно движење во вид на триење предизвикува вибрирање на кожата (вообичаениот вид има палка која поминува низ отвор на кожата која се влече напред-назад).

Исто така, има и еден друг вид на мембранофон, наречен пејачки мембранофон, од кои најпознат вид е казуто. Овие инструменти го изменуваат звукот што претходно е произведен од нешто друго, обично човечки глас, предизвикувајќи вибрирање на кожата заедно со нив.

Наводи[уреди]