Дравидски јазици

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дравидски
Геог.
распростр.:
јужна Азија, претежно јужна Индија
Класификација: едно од главните јазични семејства во светот
Прајазик: прадравидски
Гранки:
северни
централни
јужни
Ethnologue: 1282-16
ISO 639-2 и 639-5: dra
Dravidische Sprachen.png
Распространетост на дравидските јазици

Дравидските јазици се јазично семејство кое се состои од приближно 85 јазици со вкупно 217 милиони говорници.[1] Се говорат претежно во јужна и делови од источна и средна Индија како и североисточна Шри Ланка, Пакистан, Непал, Бангладеш, Авганистан, Иран и од иселениците во земји како Малезија и Сингапур. Највеќе говорници имаат телугу, тамилскиот, канада и малајалам. Постојат и мали групи на признаени родовски заедници што живеат во зафрлени краишта и говорат други дравидски јазици. Многумина сметаат дека дравидските јазици се автохтони на Индија. Првите пишани сведоштва за нив се натписи што датираат од VI век п.н.е. Од сето семејство, само два јазика се говорат исклучиво вон Индија: брахујскиот и дангарскиот, кој е дијалект на курушкиот. Дравидски топоними се среќаваат долж северозападното крајбрежје на Махараштра, Гоа, Гуџарат, и во помала мера во Синд. Граматичко влијание од дравидските јазици (како што е клузивноста) се забележува во марати, конкани, гуџаратскиот, марвари, и помалку, во синди. Од ова може да се заклучи дека дравидските јазици некогаш биле многу позастапени ширум Индискиот потконтинент.[2][3]

Историја[уреди]

Потеклото на дравидските јазици е неутврдено, и истото важи и за нивниот понатамошен развој и разлачување. Ова делумно се должи на недостатокот од компаративни лингвистички испитувања. Досега никој не успеал успешно да покаже поврзаност со било кои други јазици од индоевропското семејство, хурискиот, баскискиот, сумерскиот или корејскиот.

Иако во денешно време, дравидските јазици се говорат претежно во јужниот дел на Индија, не постојат конечни сознанија за изворното подрачје на нивните предци. Прифатено е дека говорниците на ова семејство биле распространети ширум цела Индија пред доаѓањето на говорниците на индоевропски јазици.

Постоењето на дравидското јазично семејство прв пат е предложено во 1816 г. во делото „Граматика на јазикот телугу“ од Александар Д. Кемпбел[4], каде тој и Френсис В. Елис аргументираат дека тамилскиот и телугу водат потекло од заеднички неиндоевропски потомок. Поимувањето за ова семејство значително се проширило во 1856 г. со објавувањето на делото „Компаративна граматика на дравидските или јужноиндиски јазици“[5] од Роберт Колдвел, кој во семејството вбројал многу повеќе јазици и докажал дека ова семејство едно од главните во светот. Колдвел го смислил поимот „дравидски“, изведувајќи го од санскритскиот збор „дравида“ (drāvida), како што се нарекува тамилскиот јазик на југот од Индија во санскритски текст од VII век. Од огромно значење за дравидската лингвистика е објавувањето на „Дравидски етимолошки речник“ од Т. Бароу и М.Б. Емано.

Класификација[уреди]

Дравидските јазици се во многу потесно меѓусебно сродство отколку индоевропските. Најприфатениот родослов ги дели на три гранки, додека други ги делат на четири: делејќи ги централните на централни (коламско-парциски) и јужно-централни (телугу–кујски), или пак делејќи ги северните дравидски на североисточни (курушко–малтовски) и северозападни (брахујски). Покрај нив, постојат сè уште некласификувани дравидски јазици, како што е аларскиот.

Јазиците признаени како службени јазици на Индија се задебелени.[6]

дравидски 
 јужни 
 јужни 
 тамилско-канадски 


тамилски



малајалам



 кодагуански 

кодавски



курумпски





кота



тода



 канадски 

канада



бадагански




 тулански 

корагански



тулуански




 јужно-централни 
 (телушко–кујски) 
 гондиско–кујски 
 гондиски 

гондиски



абуџмарија



муриски



пардански



нагарчалски




кондански




кујски



кувиски



којански





мандански



пенгоански




 телушки 

телугу



савара



ченчу





 централни 
 (коламско–парџиски) 


најкиски



коламски





оларски (гадаба)



дуравски




 северни 
 курушко–малтовски 

курушки (ораон, кисански)


 малтовски 

кумарбашко-пахарски



сауриско-пахарски





брахујски




Брахујците, Курусите и Малтовците имаат митови за потекло од други краишта.[7] Преданијата на Курусите велат дека тие се дојдени од полуостровот Пекан,[8] поточно од Карнатака. Истите преданија се присутни и кај Брахујците,[9][10] кои себеси се нарекуваат доселеници[11] и многу научници се сложуваат со нив[12][13]

Покрај ова, Ethnologue наведува неколку некласификувани дравидски јазици:

аларски, базигарски, барискиот, камарски, маланкуравански, вишавански,

(од кои камарскиот може да е впрочем индоариски) како и поинаку некласификуваните јужни дравидски јазици

маломасарски, маласарски, тачанадански, улатански, каландски, кубарански, кундувадски, куричијански, атападски курумпски, мудугански, патија.

Граматика[уреди]

Најсвојствено за дравидските јазици е следново:[14]

  • тие се аглутинативни.
  • зборовниот ред е подмет-предмет-прирок (SOV).
  • имаат клузивност (разликуваат множина што го вклучува и исклучува соговорникот).
  • главна класа на зборови се именските зборови (именки, бројки, заменки), придавките, глаголите и неменливите (честици, енклитики, прилози, извици, подражавања, одеци).
  • прадравидскиот користел само наставки (никогаш префикси и инфикси) во зборовите. Затоа, коренот на зборот секогаш се јавува на почетокот. Изворните зборовни класи се состоеле од именки, глаголи и неменливи зборови.
  • постојат два броја (еднина и множина) и четири различни системи на родови. Првичниот прасистем веројатно имал „машки:немашки“ за еднина и „лице:нелице“ во множина.
  • во една реченица, без оглед колку сложена, може да се јави само еден глагол во лична форма (што прави независна реченица), обично на крајот. Немѕ му претходат, по потреба, низа глаголски именки.
  • зборовниот ред следи извесни основни правила, но сепак е релативно слободен.
  • основното (и веројатно изворно) двојство во времето е „минато:неминато“. Сегашното време се развивало прилично независно кај секој јазик или подгрупа.
  • глаголите можат да бидат непреодни, преодни и причински; постои активна и пасивна форма.
  • сите позитивни глаголски форми имаат свој негативен пандан (одречни или негациски глаголи)

Фонологија[уреди]

Дравидските јазици се одликуваат и по неразликувањето на приздивни и неприздивни избувни согласки. Иако некои од нив имаат усвоено голем број заемки од санскрит и други индоирански јазици (покрај огромниот сопствен зборовен фонд) чиј правопис ги означува озвучувањето и приздивноста, истите зборови во дравидските јазици се изговараат според поинакви [[фонологија}|фонолошки]] и фонотактички правила: приздивот не фигурира во изговорот, без разлика на тоа како се пишуваат зборовите. Но ова не е сеприсутно и најчесто се избегнува при формално или внимателно говорење, особено при рецитирање.

На пример, тамилскиот не разликува помеѓу звучни и безвучни избувни согласки, дотолку што тамилската азбука нема симболи за озвучени и приздивни избувни согласки.

Јазиците од дравидското семејство се одликуваат и со тројно разликување на забно, венечно и свиено место на творба како и по големиот број на течни согласки.

Историска фонологија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Прадравидски јазик.

Самогласки: прадравидскиот јазик имал десет самогласки: a, ā, e, ē, u, ū, i, ī, o, ō (долгите и кратките биле засебни). Не постоеле дифтонзи - ai и au се сметаат за *ay и *av (или *aw) (Subrahmanyam 1983, Zvelebil 1990, Krishnamurti 2003).

Согласки: прадравидскиот може да се реконструира со следниве согласни фонеми (Subrahmanyam 1983: Zvelebil 1990, Krishnamurti 2003), стр.40 :

Уснени Забни Венечни Свиени Предно-
непчени
Задно-
непчени
Гласилни
Избувни p t c k
Носни m n ṉ (??) ñ
Едноударни r
Струјни ḻ (ṛ, r̤) (H)
Приближни v l y

Зборови што почнуваат на самогласки[уреди]

Голем дел од зборовите почнуваат и завршуваат на самогласки, што оди во прилог на аглутинативноста на јазиците.

karanu (плаче), elumbu (коска), athu (тоа), avide (таму), ithu (ова), illai (не, нема)

adu-idil-illai (adu = тоа, idu = ова, il= наставен облик на „во“ => тоа-тука-во-нема => тоа-во ова-нема => тоа го нема во ова)

Бројки[уреди]

Броевите од 1 до 10 на разни дравидски и индоариски јазици (тука хинди, санскрит и марати) и македонски за споредба.

Бр. тамилски канада малајалам тулуански телугу коламски курушки брахујски прадравидски хинди санскрит марати македонски
1 oṉdru ondhu onnu onji okaṭi okkod oṇṭa asiṭ *oru(1) ek éka ek еден
2 iraṇdu eraḍu raṇṭu raḍḍ renḍu irāṭ indiŋ irāṭ *iru(2) do dvi donn два
3 mūṉdṛu ru mūnnu mūji mūḍu mūndiŋ mūnd musiṭ *muC teen tri teen три
4 nāṉgu nālku nālu nāl nālugu nāliŋ kh čār (II) *nān char catúr char четири
5 ainthu aidu añcu ayN ayidu ayd pancē (II) panč (II) *cayN panch pañca pachh пет
6 āru āru āru āji āru ār soyyē (II) šaš (II) *caru che ṣáṣ saha шест
7 ēlu ēlu ēzhu yēl ēḍu ēḍ sattē (II) haft (II) lu sat saptá satt седум
8 eṭṭu eṇṭu eṭṭu edma enimidi enumadī aṭṭhē (II) hašt (II) *eṭṭu aanth aṣṭá aathh осум
9 onpathu ombattu onpatu ormba tommidi tomdī naiṃyē (II) nōh (II) *toḷ nau náva nauu девет
10 patthu hattu pattu patt padi padī dassē (II) dah (II) *pat(tu) das dasa daha десет
  1. присутно и денес во тамилскиот и малајалам, но не како обичен број, туку кога се неопределен член и когабројот е придавка на именката (на пр. „еден човек“) наспроти чист број (на пр. „Колку старци има таму? — Еден“).
  2. Ова и денес се среќава во сложенки и означува двојност во тамилскиот, телугу, канада и малајалам. На пример, irupatu (20, букв. „двојно десет“), iravai (20 на телугу) или iraṭṭi („двојно“) или Iruvar („двајца“) (на тамилски).

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Дравидски јазици - Ethnologue (англиски)
  2. George Erdösy (1995), The Indo-Aryans of ancient South Asia: Language, material culture and ethnicity, p. 271
  3. Edwin Bryant, Laurie L. Patton (2005), The Indo-Aryan controversy: evidence and inference in Indian history, стр. 254
  4. Grammar of the Teloogoo Language
  5. Comparative grammar of the Dravidian or South-Indian family of languages
  6. Дравидски јазици“ - Енциклопедија Британика (2008) (англиски)
  7. 'The Quest for the Origins of Vedic Culture: The Indo-Aryan Migration Debate By Edwin Bryant, стр. 83
  8. The Orāons of Chōtā Nāgpur: their history, economic life, and social organization. - Sarat Chandra Roy, Rai Bahadur; Alfred C Haddon, стр. 18
  9. P. 12 Origin and Spread of the Tamils By V. R. Ramachandra Dikshitar
  10. Ideology and status of Sanskrit : contributions to the history of the Sanskrit language by Jan E M Houben, стр. 32
  11. The Brahui language, an old Dravidian language spoken in parts of Baluchistan and Sind - Denys Bray, стр. 45
  12. Ancient India; Culture and Thought By M. L. Bhagi
  13. Ceylon & Indian History from Early Times to 1505 A. D. - L. H. Horace Perera, M. Ratnasabapathy стр. 23
  14. Звелебил, Камал (2006), „Дравидски јазици“ - Британика (DVD-издание)

Литература[уреди]

  • Caldwell, R., A comparative grammar of the Dravidian, or, South-Indian family of languages, London: Harrison, 1856.; Reprinted London, K. Paul, Trench, Trubner & co., ltd., 1913; rev. ed. by J.L. Wyatt and T. Ramakrishna Pillai, Madras, University of Madras, 1961, reprint Asian Educational Services, 1998. ISBN 81-206-0117-3
  • Campbell, A.D., A grammar of the Teloogoo language, commonly termed the Gentoo, peculiar to the Hindoos inhabiting the northeastern provinces of the Indian peninsula, 3d ed. Madras, Printed at the Hindu Press, 1849.
  • Krishnamurti, B., The Dravidian Languages, Cambridge University Press, 2003. ISBN 0-521-77111-0
  • Subrahmanyam, P.S., Dravidian Comparative Phonology, Annamalai University, 1983.

Надворешни врски[уреди]