Фонотактика
Од Википедија
| Оваа статија содржи МФА фонетски симболи. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо уникодни знаци. |
Фонотактика е гранка на фонологијата со ограничувањата за дозволиви комбинации на фонеми во еден јазик. ФОнотактиката определува дозволиви слоговна структура, слоговни групи, и самогласни низи по пат на фонотактички ограничувања.
Фонотактичките ограничувања зависат од јазикот на кој се однесуваат. На пример, во јапонскиот, согласните групи како /st/ не се дозволени, додека пак истите се дозволени и често употребувани во македонскиот или англискиот. Така, гласовите /kn/ и /ɡn/ не се дозволени да стојат на почетокот на зборот во современиот англиски јазик, но истите се нормални во германскиот и холандскиот.
Слоговите се состојат од следниве делови:
- Почеток (незадолжително)
- Рима (задолжително, се состои од јадро и завршеток):
- Јадро (задолжително)
- Завршеток (кода) (незадолжително)
Почетокот и завршетокот може да бидат празни, и со тоа се добива исклучиво согласен слог, или пак, на место на јадрото може да стои слоговна согласка.
[уреди] Звучна хиерархија
Општо земено, правилата на фонотактиката се водат по звучната хиерархија, земено дека јадрото има максимална звучност (или „сонорност“) и дека звучноста се намалува како што се оддалечуваме од јадрото. Безвучниот алвеоларен фрикатив [s] е пониско на звучната хиерархија отколку алвеоларниот латерален апроксимант [l], па така комбинацијата /sl/ е дозволена на почеток, /ls/ е дозволено на крајот (завршетокот), но /ls/ не се дозволува на почетокот, а /sl/ не се дозволува на завршетокот. Така, во македонскиот, зборовите слога /slɔga/ и пулс /puls/ се дозволиви, додека *лсога и *пусл не се недозволиви. На светско ниво, постојат мали исклучоци од правилото, но општо земено ова важи за најголемиот брок јазици на светот.