Вити Леву
Мапа на Вити Леву |
|
| Географија | |
|---|---|
| Местоположба | Тихи Океан |
| Координати | |
| Архипелаг | Вити Леву група |
| Површина | 10.388 км2 |
| Ранг по површина | 75ти |
| Должина | 146 км |
| Ширина | 106 км |
| Макс. надм. височ. | 1394 м |
| Највисока точка | Томаниви |
| Земја | |
|
Фиџи
|
|
| Дивизија | Западна Дивизија и Централна Дивизија |
| Најголем град | Сува (нас. 77,366) |
| Демографија | |
| Население | 600,000 |
| Густина | 55,83 /км2 |
| Народности |
Фиџијанци (54.3%), Фиџи индијци (38.1%) Други (Азијци, Европјани, Други (Океаници) (7.6%) |
Вити Леву е најголем остров во Фиџи, остров на кој се наоѓа главниот град на Фиџи, Сува, и дом на голем број од популацијата на Фиџи.
Содржина |
Географија и економија[уреди]
Најголемиот остров, Вити Леву е дом на 70% на населението на Фиџи (околу 600,000) и е центар на целиот фиџиски архепелаг. Островот е долг 146 километри и широк 106 километри и зафаќа површина од 10,389 километри квадратни.[1]
Геолозоите веруваат дека островот во минатото бил поплавуван многу пати, и бил покриен со лава и други вулкански материјали. Поради земјотереси и вулканси ерупции островот е нерамен, и е поделен на две еднакви половини од север на југ.
Источната страна на островот е подложна на големи дождови, додека пак западната страна е значително посува. Па така, производството на шеќерна репка успева на западната страна, додека пак на источната страна успева млечната индустрија.
Островот е познат како дом на најголемите бубачки во светот.
Локалитети[уреди]
На островот Вити Леву се наоѓа главниот град на Фиџи, Сува, и е дом на речиси три-четвртини од населението во републиката (околу 580,000). Други познати градови, сите околу крајбрежјето, се: Ба, Лаутока, Нади, Наусори, Ракираки, и Сигатока.
Познати знаменитости на островот се: плажата Натадолија и одморалиштето на тихиот океан кое е оддалечено 50 километри од градот Сува.
Наводи[уреди]
- ↑ UNEP Islands Directory (Англиски)
Надворешни врски[уреди]
- Viti Levu на Wikitravel (англиски)

