Токелауански јазик
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Токелауански јазик | |
| Tokelau | |
| Застапен во | |
|---|---|
| Говорници | Вкупно 3.200., со 1.400 во Токелау (2004) |
| Јазично семејство |
австронезиски
|
| Статус | |
| Службен во | Токелау, Американска Самоа, Нов Зеланд |
| Јазични кодови | |
| ISO 639-3 | tkl |
Токелауанскиот јазик (изворно: Tokelau) е австронезиски јазик од Пацификот.
Содржина |
Говорници [уреди]
Токелауанскиот јазик го зборуваат околу 1.700 жители на атолите кои го сочинуваат Токелау, но и од малкумината жители на осровот Свејнс кој ѝ припаѓа на соседната Американска Самоа. Токелауанскиот спаѓа во семејството на самојски јазици, подргупа на полинезиските јазици. Тој е службен јазик на Токелау заедно со англискиот. Посвен населението на Токелау, јазикот го зборуваат и околу 2.900 токелауански иселеници во Нов Зеланд. Овој јазик моментално се учи приватно, како и во неколку училишта во Брентвуд во Есекс, Англија.
Јазикот има ISO 639-3 код „tkl“.
Сличности со други јазици [уреди]
Токелауанскиот јазик е сличен на тувалуанскиот, главниот јазик на соседната територија Тувалу, и користи самоанска литература. Токелауанскиот исто така има големи сличности со јазикот ниуафооу, зборуван во Тонга.
Токелауанскиот јазик се пишува со латиница, но само со 15 букви: a, e, i, o, u, f, g, k, l, m, n, p, h, t, v. Писмото се состои од 5 самогласки: a, e, i , o, u; и 10 согласки: f, g, k, l, m, n, p, h, t, v.
Управникот за образование на Токелау Лоимата Иупати работи на превод на Библијата на токелауански јазик.
Фрази [уреди]
| Tokelauan | English |
|---|---|
| Fanatu au là ? | Да дојдам и јас? |
| Ko toku nena e i Nukunonu. | Баба ми живее во Нукунону. |
| Malo ni, ea mai koe? | Здраво, како си? |
Видете исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Извештај за токелауанскиот јазик на Етнолог (англиски)
- Мини-разговорник со англиски превод (англиски)
|
|||||||||||