Кукова Планина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кукова Планина
Aoraki / Mount Cook
Aoraki Mount Cook.JPG
Надм. вис. 3754 м 
Истакнатост 3754 м37-ма во светот
Заведена како највисока во земјата
ултра
Местоположба
Јужен Остров,  Нов Зеланд
Венец Јужни Алпи
Координати 43°35′44.69″ ЈГШ 170°08′27.75″ ИГД / 
Искачување
Прво освојување 1894 - Том Фајф, Џорџ Греам, Џек Кларк
Најлесна патека искачување по глечер/снег/мраз

Куковата Планина (маорски/англиски: Aoraki / Mount Cook) е највисоката планина во Нов Зеланд, со височина од 3.754 м.[1] Планината е дел од поголемиот венец наречен Јужни Алпи, кој се протега по должината на Јужниот Остров. Ова е популарна туристичка дестинација[2] и омилена кај аплинистите. Куковата Планина има три врва, наречени Низок, Среден и Висок (Low Peak, Middle Peak, High Peak), со Тасмановиот Глечер на исток и Хукеровиот Глечер на запад.

Местоположба[уреди]

Планината е сместена во Националниот парк Аораки/Кукова Планина, и заедно со националните паркови Вестленд, Маунт Аспајринг и Фјордленд сочинува областа прогласена за светско наследство на УНЕСКО. Паркот има над 140 врвови повисоки од 2.000 метри и 72 именувани глечери. Глечерите зафаќаат 40% од вкупната површина на паркот (700 км² или 70.000 хектари).

На подножјето на планината е сместено туристичкото село Маунт Кук, кое ги опслужува посетителите. Оддалечено е 7 км од крајот на Тасмановиот Глечер и 12 км јужно од врвот на планината.

Клима[уреди]

Куковата Планина се одликува со значителни орографски врнежи преку целата година. Во сите месеци преовладува влажниот западен ветер што со себе носи дождовни облаци од Тасмановото Море. Годишите врнежи на планината изнесуваат неверојатни 4.293 мм, што е за само 36% помалку од просечните годишни врнежи на целото подрачје на Милфорската Драга, кое е во голема мера највлажното место во земјата.

Име и европско откритие[уреди]

Поглед на Куковата Планина од едрилица на височина од 4.000 м

На маорски, планината го носи името на митолошкиот јунак Аораки. Првото познато име на Јужниот Остров било Te Waka o Aoraki („Чунот на Аораки“).

Првиот Европеец што ја открил планината бил холандскиот морапловец Абел Тасман,[3] кој ја здогледал во 1642 за време на неговото прво тихоокеанско патување. Во во 1851 планината го добила англискиот назив Mount Cook, кога капетанот Џон Лорт Стоукс[1] ја именувал во чест на славниот морепловец Џејмс Кук - прввиот што обиколил и исцртал новозелндските острови (1770), иако самиот не ја видел планината кога истражувал.[4]

Во 1998 е решено дека планината треба да го содржи и маорското име, па затоа е преименувана во комбинацијата „Аораки / Кукова Планина“ (Aoraki / Mount Cook).[5]

Шуми и глечери[уреди]

Просечните годишни вржени во околните низини изнесуваат околу 7,6 м. Ова огромно количество на врнежи значи дека пониските крајбрежни делови се покриени со дождовни шуми, а високите предели секогаш имаат снег, а со тоа и глечери. Меѓу нив спаѓаат: Тасмановиот и Мерчисоновиот глечер на источниот дел, како и помалите Хукеров и Милеров Глечер на југ.

Поврзано[уреди]

Портал „Нов Зеланд

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]