Национален парк Аораки/Кукова Планина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Национален парк Аораки/Кукова Планина
Aoraki/Mt Cook National Park
МСЗП - Категорија II (Национален парк)
Национален парк Аораки/Кукова ПланинаAoraki/Mt Cook National Park
Карта на Нов Зеланд
Карта на Нов Зеланд
Место Јужен Остров
Најблизок град Маунт Кук
Координати 43°44′0″S 170°6′0″E / 43.733333°S 170.1°E / -43.733333; 170.1Координати: 43°44′0″S 170°6′0″E / 43.733333°S 170.1°E / -43.733333; 170.1
Површина 707 km²
Основан 1953
Управен орган Службата за заштита на природата
Главниот срт со Сефтоновата Планина и т.н. „Табуретка“, од долината Хукер. Во позадината десно се гледа Аораки/Кукова Планина
Аораки/Кукова планина од долината Хукер
Завршниот дел на Тасмановиот Глечер кај езерото Тасман

Националниот парк Аораки/Кукова Планина (англ. Aoraki/Mount Cook National Park) се наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд близу местото Твизел. Во рамките на самиот парк се наоѓа и селото Маунт Кук. Областа е прогласена за национален парк во октомври 1953 и е сочинета од резервати основани уште од 1887 со цел да се заштити значајната локална вегетација и предели.[1]

Содржина

[уреди] Географија

Паркот зафаќа околу 700 km². Глечерите зафаќаат 40% од паркот, од кои најпознат е Тасмановиот Глечер на падините на Кукова Планина.

Сите 20 врвови во земјата повисоки од 3.000 метри се наоѓаат во овој парк, освен Маунт Аспајринг. Тука спаѓа и највисоката планина во Нов Зеланд, Аораки/Кукова Планина, со 3.753 метри. Други позначајни врвови се Тасманова Планина, Хиксова Планина, Сефтонова Планина и планината Ели де Бомон. Планините на Јужните Алпи се млади, со помалку од десет милиони години, и сè уште се во фаза на издигање. Регионот на националниот парк во целина се издига по 5 mm годишно.

Паркот е дел и од јужновестлендското место Те Вахипоунаму прогласено за светско природно наследство како место од извонредна природна вредност.

[уреди] Флора и фауна

Најголемиот дел од паркот се наоѓа над шумската граница, што значи дека растителниот свет се состои главно од алпски растенија како планинското лутиче, (ranunculus lyalli), најголемото лутиче во светот, големи планински маргаритки и дива копјеста трева (aciphylla colensoi) наречена и „Шпанец“ (Spaniard). Од птиците, во овие предели живее кеата, која претставува единствениот планински папагал и добро камуфлираното ливадарче. Од доведениот ловен дивеч најзастапени се дивокозата, хималајскиот тар и еленот.

[уреди] Рекреација

Паркот е популарен за планинарење, скијање, лов и алпинизам. Со активностите во паркот раководи Службата за заштита на природата.

[уреди] Видете исто така

[уреди] Наводи

  1. [1] (Служба за заштита на природата - Национален Парк Кукова Планина. Пристапено на 05/07/09) (англиски)

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици