Национален парк Фјордленд
|
||||||||||||||||||
|
Милфордски Мореуз: планината Мајтре Пик се издига 1692 метри над мореузот.
|
||||||||||||||||||
Националниот парк Фјордленд (англ. Fiordland National Park) го зафаќа југозападниот агол на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Ова е најголемиот од 14-те национални паркови во земјата, со површина од 12.500 km², и поголемиот дел од Те Вахипоунаму, место прогласено за Светско наследство на УНЕСКО. Со паркот раководи Службата за заштита на природата.
Содржина |
[уреди] Географски особености
Во постудените изминати епохи, глечерите изделкале многубројни длабоки фјордови, од кои најпознат (и најпосетен) е Милфорскиот Мореуз. Други значајни фјордови се Сомнителниот и Сенливиот Мореуз. Гледајќи северно од еден од врвовите во националниот парк може да се забележи планината Маунт Аспајринг.[1]
Фјордлендското крајбрежје е стрмно и назабено, со тоа што фјордовите се протегаат од долините, па сè до јужниот дел на Јужните Алпи, кај планините Кеплеровите и Мерчисоновите Планини. На северниот крај на паркот се извишуваат неколку планини со височина над 2000 метри.
Мразот во минатото исто така отцепил дел од копното, оставајќи два големи ненаселени острова - Секретарскиот Остров и островот Резолушон. Паркот има неколку големи езера, од кои позначајни се Те Анау, Манапоури, Моноваи, Хауроко и Потеритери. Југозападно од Милфордскиот Мореуз се наоѓа Садерлендскиот водопад, еден од највисоките водопади во светот.
Западните ветрови дуваат влажен воздух од Тасмановото Море кон планините. Овој воздух се издига и се лади, и така предизвикува огромни количества на врнежи од над 7 метри годишно. Овие врнежи се заслужни за бујните умерени дождовни шуми на локалниот фјордлендски екорегион.
[уреди] Вегетација и животни
Од животинскиот свет, во паркот се застапени делфините, фоките и птиците. Во паркот живеат и доведени видови како глувците, стаорците, дивите зајци и елените. Од птичјите видови, најинтересна е птицата какапо, која е единствениот безлетен папагал на светот. Тука живее и автохтоната птица киви. Паркот има големи шумски површини со дрвја од родот на јужни буки, најразновиден честак и папрати; за ниската вегетација типичен е крунскиот папрат, (Blechnum discolor).[2]
[уреди] Пристапност
До Фјордленд со возило се стигнува само по Милфорскиот пат (Milford Road, SH 94), кој се протега северно од Те Анау, крај границата на паркот, па влегува во него кај врутокот на реката Еглинтон. Оттука го пресекува северозападниот агол на паркот, и завршува кај Милфордскиот Мореуз. Јужно од Те Анау има помал пат кој го поврзува со Манапоури. Во околината се протега и спореден локален пат кој го поврзува Сомнителниот Мореуз со западниот крај на езерото Манапоури.
До Милфордскиот Мореуз се стасува и со леки авиони и хеликоптерски превоз, а во подрачјето има и марина.
[уреди] Активности
Паркот е мошне популарна дестинација за алпинизам и особено, планинарење, а во близината се наоѓаат и познати планинарски патеки како Милфордската, Кеплеровата, Холифордската и Рутберновата патека.
Фјордленд спаѓа во најтешките планинарски дестинации. Во паркот има малку патеки, и вон нив планинарите мораат да следат еленски траги. Главни опасности се мушичките, поплавите и лошото време. Другите туристи го посетуваат Милфордскиот Мореуз.
Во паркот е развиен ловот на дивеч од хеликоптер.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Наводи
- C. Michael Hogan. 2009. Crown Fern: Blechnum discolor, Globaltwitcher.com, ed. N. Stromberg
- New Zealand Department of Tourist and Publicity. 1906. New Zealand Lakes and Fiords,the Wonders of Western Otago: Descriptive of the Southern Lakes and Mountains,the West Coast Sounds and Stewart Island, издавач: J.Mackay
[уреди] Белешки
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Национален парк Фјордленд“ |
- За националниот парк Фјордленд, Служба за заштита на природата на Нов Зеланд (англиски)
- Крајбрежен билтен на Фјордленд (англиски)