Јужни Алпи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јужните Алпи покриени со снег на сателитска снимка на Јужниот Остров на Нов Зеланд.

Јужните Алпи (англ. Southern Alps) се планински венец кој се протега долж западната страна на Јужниот Остров на Нов Зеланд, и го дели Јужниот Остров на два дела по целата должина. Поимот „Јужни Алпи“ се однесува на целиот венец, но помалите венци во склоп на него имаат свои имиња.

Аораки/Кукова Планина е највисоката планина на венецот (и во земјата) со 3.754 m. Венецот има уште 16 врва кои надминуваат 3.000 метри во височина. Голем дел од венецот е заштитен како дел од разни национални паркови, од кои позначајни се националниот парк Вестленд, Маунт Аспајринг, и Аораки/Кукова Планина. Според едно пребројување од доцните 1970-ти, Јужните Алпи имале над 3000 глечери поголеми од еден хектар,[1] а најголемиот од нив – Тасмановиот Глечер – е долг 29 километри.[2]

Јужните Алпи ги именувал капетанот Кук на 23 март, 1770, опишувајќи ја нивната „запрепастувачка височина“.[3] Пред Кук ги видел и Абел Тасман во 1642, чиј опис на западното крајбрежје на Јужниот Остров честопати се преведува како „крај издигнат на високо“.[4]

Јужните Алпи се протегаат долж тектонска граница, дел од т.н. Пацифички Огнен Прстен, при што Пацфичката плоча на југоисток турка западно и се судира со северно-насочената Индоавстралиска плоча на северозапад.[5] Во текот на изминатите 45 милиони години, судирањата од Паџифичката плоча истиснале карпи со широчина од 20 km образувајќи ги Алпите, иако најголемиот дел од овој истисок денес е одронет. Нагорниот раст бил најбрз во последните 5 милиони години, и ова извишување продолжува и денес благодарјќи на тектонскиот притисок, кој предизвикува земјотреси во Алпскиот расед. И покрај значителноото извишување, највеќето релативни движења на Алпскиот расед се странични, а не вертикални.[6]

Бидејќи венецот е ориентиран нормално на предоминантните западни ветришта, венецот создава одлични услови за летање со едрилица. Гратчето Омарама, која е во заветрина од планините, има стекнато меѓународно реноме за неговите услови за воздушно едрење. Предоминантните западни ветришта исто така создаваат и временска појава наречена „Северозападна арка“, каде влажниот воздух се истиснува нагоре над планините, обликувајќи облачна арка во инаку синото небо. Оваа временска појава честопати е видлива во текот на летото преку Кантербери и Северен Отаго. Тамошниот северозападен ветер е фенски ветер сличен на Чинукот во Канада, каде влажните ветришта удираат во планинските венци и го истиснуваат воздухот нагоре, така разладувајќи го воздухот и кондензирајќи ја влажноста во дожд, па со тоа се добиваат суви топли ветрови во спуштениот воздух во заветрина на планините.

Наводи[уреди]

Панорамски поглед на дел од Јужните Алпи зиме од врвот Хамилтон, на венецот Крејгиберн.
Поглед на Јужните Алпи од низински пат.
  1. Chinn, T. J. (2001). Дистрибуција на глечерскките водни ресурси на Нов Зеланд, Journal of Hydrology (Нов Зеланд), 40(2), 139–187.
  2. Lambert, M. (уредн.) (1989) Air New Zealand Almanack Wellington: New Zealand Press Association. стр. 165
  3. Reed, A.W. (1975) Place names of New Zealand. Wellington: A.H. & A.W. Reed. ISBN 0-589-00933-8 стр. 384.
  4. Orsman, H. and Moore, J. (уредн.) (1988) Heinemann Dictionary of New Zealand Quotations, Heinemann, стр. 629.
  5. Campbell, Hamish; Hutching, Gerard (2007). „In Search of Ancient New Zealand“. North Shore and Wellington, New Zealand: Penguin Books, во соработка со GNS Science. стр. 35. ISBN 9780143020882. 
  6. Campbell, Hamish; Hutching, Gerard (2007). „In Search of Ancient New Zealand“. North Shore and Wellington, New Zealand: Penguin Books, во соработка со GNS Science. стр. 204–205. ISBN 9780143020882.