Национален парк Маунт Аспајринг
| Национален парк Маунт Аспајринг Mount Aspiring National Park |
|
|
МСЗП - Категорија II (Национален парк)
|
|
| Карта на Нов Зеланд | |
| Најблизок град | Ванака |
|---|---|
| Координати | |
| Површина | 3555 km² |
| Основан | 1964 |
| Управен орган | Служба за заштита на природата |
Националниот парк Маунт Аспајринг (англ. Mount Aspiring National Park) се наоѓа на Јужните Алпи, на Јужниот Остров на Нов Зеланд, северно од националниот парк Фјордленд, и помеѓу Отаго и јужен Вестленд.
Основан е во 1964 г. како 10-ти национален парк во земјата. Паркот зафаќа површина од 3.555 km² при јужниот крај на Јужните Алпи, веднаш западно од езерото Ванака, и е мошне популарно место за планинарење, шетање и алпинизам. Паркот го носи името на локалната планина Аспајринг/Тититеа (3033 m). Други поважни планини и врвови во паркот се Полукс (2542 m) и Брустер (2519 m).
На североисточниот агол од паркот се наоѓа Хастовиот Премин, една од трите важни патишта преку Јужните Алпи.
Паркот е дел од областа Те Вахипоунаму, прогласена за светско природно наследство на УНЕСКО.
Најпопуларни планинарски патеки се:
- кружната патека Гилеспи Пас
- Долината Матукитуки
- Рутбернската патека
- кружната патека Рис-Дарт
Овие планинарски патеки привлекуваат многубројни странски туристи, но и домашни посетители. Некои од нив се особено прочуени заради чудесните алпски и субалпски предели низ кои минуваат.
Надворешни врски [уреди]
- Информации за националниот парк Маунт Аспајринг - Служба за заштита на природата на Нов Зеланд (англиски)
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Национален парк Маунт Аспајринг“ |
|
|||||||||||
