Национален парк Вестленд Таи Поутини
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Национален парк Вестленд Таи Поутини Westland Tai Poutini National Park |
|
|
МСЗП - Категорија II (Национален парк)
|
|
| Карта на Нов Зеланд | |
| Место | Западно Крајбрежје |
|---|---|
| Координати | |
| Површина | 1175 km² |
| Основан | 1960 |
| Управен орган | Служба за заштита на природата |
Националниот парк Вестленд Таи Поутини (англ. Westland Tai Poutini National Park) се наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Основан е во 1960, по повод стогодишнината од европското населување на регионот Вестленд. Зафаќа 1.175 km², и се протега од највисоките врвови на Јужните Алпи, па до диво изолирано крајбрежје.
Паркот има глечери, живописни езера и густа умерена прашума, како и остатоци од стари рударски гратчиња долж крајбрежјето.
Националниот парк Вестленд нуди добар лов на елени, дивокози и тарови. Ловците доаѓаат до непристапните предели со хеликоптер. Спротиводно од мостот на реката Карангаруа, паралелно на неа се извива познатата Коплендска Патека. Покрај планинските пејзажи, во паркот има и топли извори кај Велкам Флет Хат.
Надворешни врски [уреди]
- Информации за националниот парк Вестленд Таи Поутини - Служба за заштита на природата (англиски)
| Оваа статија за место во Нов Зеланд е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|||||||||||