Служба за заштита на природата (Нов Зеланд)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Служба за заштита на природата
Department of Conservation
Te Papa Atawhai
Податоци за органот
Надлежност Влада на Нов Зеланд
Седиште Велингтон
41°17′23.75″S 174°46′31.08″E / 41.2899306° ЈГШ; 174.7753000° ИГД / -41.2899306; 174.7753000
Надлежен министер Кејт Вилкинсон, Министер за заштита на природата
Раководител Ал Морисон
(Гл. ивршен директор)
Мрежно место
http://www.doc.govt.nz/

Служба за заштита на природата (англиски: Department of Conservation; маорски: Te Papa Atawhai) или DOC — државен орган на Нов Зеланд надлежен за заштита на природните и културните богатства на земјата.[1] Моменталниот министер за заштита на природата е Кејт Вилкинсон.

Функција[уреди | уреди извор]

Преглед[уреди | уреди извор]

Знак на службата во националниот парк Фјордленд
Куќарка на службата долж главната планинарска патека во националниот парк Ракиура

Службата е основана во 1987 г. со донесувањето на Законот за заштита на природата (Conservation Act 1987)[2] спојувајќи се со дел од тогашата Служба за земјишта и катастар, со Службата за шумарство и Службата за див свет. Со овој закон се утврдени и највеќето должности и улоги на установата.

Во нејзина надлежност е речиси сето крунско земјиште во Нов Зеланд. Ова претставува една третина од површината на земјата, и тука спаѓаат национални, шумски и морски паркови, и речиси 4000 резервати, поречја, некои крајбрежни предели, неколку стротини мочуришта и многу острови. Речиси сите предели под надлежност на службата се заштитени поради нивната пејзажна, научна, историска или културна вредност, или пак се наменети за рекреативни активности.

Рекреативната цел е една од поглавните одговорности на службата. Тука спаѓа раководење и одржување на излетнички места, планинарски патеки и 1000 куќарки за планинари и ловџии. Под нејзина надлежност е и Фондот за природни богатства, како и пожарната безбедност во руралните подрачја.

Покрај раководењето со земјиштата и рекреативните активности, службата работи на зачувување на природните богатства. Тука може да се вброи запазувањето на историски места на јавно земјиште, грижа за опстанокот на загрозените домородни видови, справување со неповолни состојби како штетници и коров, обнова на природната околина, зачувување на морскиот свет, и пружање помош на земјопоседниците во зачувувањето на природното богатство.

Заштитени предели[уреди | уреди извор]

Нов Зеланд има 14 национални паркови и поголем број на други заштитени области со различно ниво на заштитеност. На една третина од земјиштата постои забрана за рударски активности.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цели на Службата - Извештај од 30 јуни 2007. проверено на 2 април 2008 (англиски)
  2. Закон за заштита на природата 1987 Архивирано на 13 февруари 2012 г. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]