Национален парк Ракиура
| Национален парк Ракиура Rakiura National Park |
|
|
МСЗП - Категорија II (Национален парк)
|
|
| Карта на Нов Зеланд | |
| Место | Стјуартов Остров |
|---|---|
| Најблизок град | Обан |
| Координати | |
| Површина | 1570 km² |
| Основан | 2002 |
| Управен орган | Служба за заштита на природата |
Националниот парк Ракиура (англ. Rakiura National Park) е природен резерват на Стјуартовиот Остров/Ракиура во Нов Зеланд. Овој е најновиот од 14-те национални паркови во Нов Зеланд, отворен на 9 март 2002 г. Зафаќа површина од 1.570 km², околу 85% од Стјуартовиот Остров, кој е трет остров по големина во земјата. Во паркот не спаѓа населената област околу Полумесечениот Залив (т.е. гратчето Обан) и некои патишта, како и приватна маорска земја повнатре на копното.[1] Паркот се состои од мрежа од поранешни природни резервати, пејзажни резервати и општествени шуми.
Содржина |
Природознание [уреди]
Во паркот има популарна планинарска патека наречена Ракиура Трек. Во него живеат најразновидни локални птици, а паркот нуди најдобра можност во земјата за посматрање на птицата киви во дивина. Ова делумно се должи на ограничениот број на невестулки и ласица. Во извесни крајбрежни предели во паркот се размножуваат загрозените жолтооки пингвини.[2]
Видете исто така [уреди]
Наводи [уреди]
- C. Michael Hogan. 2009. „Жолтоок пингвин: Megadypes antipodes“, GlobalTwitcher.com, уредн. Н. Стромберг (англиски)
Белешки [уреди]
- ↑ Создаден национален парк на Стјуартовиот Остров - „Новозеландски Хералд“, недела, 10 март 2002 (англиски)
- ↑ C. Michael Hogan. 2009
Надворешни врски [уреди]
- Информации за националниот парк Ракиура - Служба за заштита на природата на Нов Зеланд (англиски)
|
|||||||||||