Време во Нов Зеланд
| Зона | Стандардно | Летно |
|---|---|---|
| Нов Зеланд | UTC+12:00 | UTC+13:00 |
| Четемски Острови | UTC+12:45 | UTC+13:45 |
| Кукови Острови и Токелау | UTC-10:00 | |
| Ниуе | UTC-11:00 | |
| Во моментов времето во Нов Зеланд е: 19:04 23 мај 2012 |
||
Нов Зеланд има две часовни зони. Главните острови користат новозеландско стандардно време (NZST), 12 часа понапред од координираното универзално време (UTC), додека пак оддалечените Четемски Острови користат четемско стандардно време (CHAST), 12 часа и 45 минути пред UTC.
Во текот на летото (точни датуми подолу) се практикува летно сметање на времето кога часовниците се поместуваат за еден час нанапред. Така, новозеландското летно време (NZDT) е 13 часа понапред од UTC, а Четемското летно време (CHADT) е 13 часа и 45 минути понапред од UTC.
Росовата Зависност на Антарктикот го следи новозеландското време (NZST/NZDT), заедно со станиците Мекмердо и Амундсен-Скот.
Покрај ова, Нов Зеланд има зависни територии со две различни часовни зони кои лежат на другата страна од меѓународната датумска граница:
- Куковите Острови и Токелау се наоѓаат во зоната UTC−10 и не практикуваат летно сметање. Така, тие се 22 или 23 часа зад Нов Зеланд, или со други зборови, новозеландското време без еден ден плус 1 или 2 часа.
- Ниуе UTC−11.
Содржина |
[уреди] Летно сметање
Започнувајќи од 2007 г. во Нов Зеланд летното време започнува од последниот ден недела во септември до првиот ден недела во април.
[уреди] Стандарди
Стандардот за време во Нов Зеланд е во надлежност на Лабораторијата за мерни стандарди, дел од претпријатието Industrial Research Limited. Точното време се прогласува на повеќе начини, како емитување на тонови на Радио Нов Зеланд, точно време по телефон и мрежен временски протокол (NTP).
[уреди] Белешки
[уреди] Наводи
- Лабораторија за мерни стандарди (англиски)
- Часовни зони во Нов Зеланд на Statoids (англиски)
- Страница за летно сметање на времето - Министерство за внатрешни работи на Нов Зланд (англиски)
[уреди] Надворешни врски
- „Времемерење“ - Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд (англиски)
|
|||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||