Северен Остров

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Северниот новозеландски остров

Северниот Остров (англиски: North Island) е еден од двата главни острови на Нов Зеланд, од кои другиот е Јужниот Остров.[1] Островот зафаќа површина од 113,729 км² [2], и како таков е 14-тиот остров по големина во светот.

На Северниот Остров се наоѓаат неколку важни градови како најголемиот во државата, Окленд, и главниот град Велингтон кој се наоѓа на јужниот крај од островот. Околу 76% од населението на Нов Зеланд живее на Северниот Остров.

Според преданијата на маорската митологија, Северниот и Јужниот новозеландски остров потекнуваат од времето на Мауи, кој бил полубог. Тој рибарел заедно со браќата од нивниот чун (Јужниот Остров) и фатил голема риба која ја извлекол од морето. Додека вниманието му било свртено на нешто друго, браќата на Мауи се истепале за рибата и така ја распарчиле. Оваа голема риба станала Северниот Остров и затоа на маорски тој е наречен Te Ika-a-Māui („Рибата на Мауи“). Се сметало дека планините и долините се резултат на парчосувањето на рибата при борбата помеѓу браќата.[3]

Содржина

[уреди] Региони на Северниот остров

Северниот остров, и околните острови и територијални води ги покриваат девет региони.

[уреди] Градови на Северниот остров

(помали населени места може да се најдат на Листа на градови во Нов Зеланд.)

[уреди] Географски поими

[уреди] Белешки

  1. На некои карти од XIX век, Северниот Остров е наречен New Munster (Нов Манстер).
  2. Статистика Нов Зеланд Geography - physical features
  3. Сè до раниот XX век, друго маорско име за Северниот Остров било Аотеароа. Денес името Аотеароа се однесува на целиот Нов Зеланд.


Координати: 38°24′Ј, 175°43′И