Капингамаранги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сателитска снимка на атолот.

Капингамаранги е атол и општина во сојузната држава Понпеј во Микронезија. Овој е најјужен атол во земјата и во Каролинските Острови. Атолот е оддалечен 300 км од соседниот атол Нукуоро и 740 км југозападно од Понпеј. Вкупната површина на атолот, заедно со лагуната, е 74 километри квадратни, од кои само 1.1 километар квадратен е копно. Атолот е составен од 33 мали островчиња кои се покриено со шума. Западниот гребен е под вода.

Население[уреди]

Капингамаранги има население од околу 500 жители според податоците од 2007 година. Неколку стотици Капингамаранци живеат во селото Поракиед на Понпеј. Капингамарангискиот јазик е полинезиски јазик. Главно занимање на населението е риболовството.[1] Островчето Тоухоу е административен центар на општината, демографиски центар.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]