Централна разузнавачка агенција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Централна разузнавачка агенција
Central Intelligence Agency
CIA.svg
Службен печат на ЦИА
Податоци за органот
Основан 18 септември 1947; пред 66 години (1947-09-18)
Претходник Централната разузнавачка група
Седиште Лангли САД 38° СГШ 77° ЗГД / 
Кадар Класифицирани[1]

20,000 [2]

Годишен буџет Класифицирани[3][4]
Раководители Леон Панета
(Директор)
Мајкл Морел
(Заменик директор)
Стефани О'Суливан
( Вонреден заменик на директорот)
Портал
www.cia.gov

Централната разузнавачка агенција (анг. Central Intelligence Agency, скратено CIA) е народна разузнавачка служба на владата на Соединетите Американски Држави која дава отчет на Директорот на државната разузнавачка служба, и е одговорна за обезбедување на државна разузнавачка безбедност на надредените политичари на САД. ЦИА исто така е вмешана и во тајните активности нарачани од Претседателот на САД. Формирањето на ЦИА произлезе од Уредот за стратешки услуги (скратено ОСС) формирана за време на втората светска војна да ги координира шпионските активности кај непријателите за организациите на Американската војска. Со државниот акт за безбедност во 1947 година се формираше ЦИА која немаше полициски и правни овластувања во земјата и странство.Една година подоцна надлежностите беа зголемени и вклучуваа саботажа, анти-саботажа и мерки за евакуација, подршка и помош на подземните групи за резистенција, герилските и групите на бегалци и подршка на државните анти-комунистички елементи во загрозените земји во слободниот свет. Првенствена улога на ЦИА е да собира информации за странските влади, организации и поединци и да ги советува државните политичари. Службата спроведува тајни и вооружани активности со тоа што наметнува политичко влијание преку Оделот за специјални активности. Во 2004 година одговорноста на ЦИА значитено се промени.Пред декември 2004 година ЦИА беше главна разузнавачка организација на владата на САД, која беше одговорна за целосно управување на американското разузнавачкото општество.Со Реформата за разузнавање и Актот за спречување на тероризам од 2004 година се формира канцеларијата на директорот за државно разузнавање, кој го превзеде управувањето и раководењето на американското разузнавачкото општество. Денес ЦИА сеуште има бројни заеднички активности со разузнавачките служби од други земји. Седиштето на ЦИА е во Лангли, Меклин во независната област Ферфекс во Вирџинија, одалечена само неколку милји од седиштето во Вашингтон по реката Потомак. Некогаш ЦИА е позната по сугерирањата во владата и војската под името на Други владини служби, особено кога некои активности во некоја ообласт се јавна тајна, исто така може да се сретне под името Компанијата(анг. The Company) и Агенцијата (анг.The Agency).

Содржина

Организација[уреди]

ЦИА има едно главно седиште и неколку агенции со широкораспространети функции, и четири главни дирекцијаи:

  • Дирекција за разузнавање одговорна за сите извори на разузнавање, изтражување и анализи.
  • Национална тајна служба, поранешна Дирекција за активности, која извршува собирање на тајни разузнавачки податоци и извршува тајни акции.
  • Дирекција за подршка
  • Дирекција за наука и технологија

Буџет[уреди]

Целосниот буџет на американските разузнавачки служби беше доверлива информација до неодамна. Имаше бројни обиди да се добијат основни податоци за буџетот, и исто така имаше неколку несакани објави како онаа на Мери Маргарет Греaм, поранешен официјален и заменик директор на државната разузнавачка служба за прибирање во 2005 година, која рече дека годишниот буџет е 44 милјарди долари.

Извршно раководство[уреди]

Директорот на Централната Разузнавачка Служба (ЦИА) дава извештај дирекно на Директорот на државното разузнавање, во пракса тој работи со директорот на државното разузнавање, Конгресот на Соединетите Американски Држави(најчесто преку службата за конгресни работи) и Белата куќа, а заменикот директор е внатрешен извршител.ЦИА врши разни надзори во Конгресот, иако тоа главно е водечка улога. Извршното раководство исто така ја олеснува подршката на ЦИА на Американската војска со што обезбедува информации кои ги собира, примање информации од воени разузнавачки служби и соработување на теренските активности. Двајца искусни управници имаат одговорност, едниот за ЦИА а другиот за Државната тајна служба. Заменик директорот за Воена подршка, кој е искусен поранешен војник управува со врската помеѓу ЦИА и Унифицираните боеви команди, кои пружаат регионално/операциско разузнавање и собираат државно разузнавање, тој има помош и од Службата за воени работи во обезбедување подршка во сите области на војската. Во Државната тајна служба вонреден заменик директор за активности за воени прашања работи со специфичните тајни човечки извори разузнавање и со тајните акции за подршка на воените активности. ЦИА исто така обезбедува разузнавање на државно ниво достапно за тактички организации, најчесто за нивната целосна разузнавачка група извори .

Извршен персонал[уреди]

Вработените во канцелариите со неколку основни одговорности даваат извештај на извршното раководство. Тие исто така собираат информации и за таквите информации даваат извештај на Извршното раководство.

Генерални објавувања[уреди]

Училишниот центар на ЦИА за разузнавање ги содржи историските материјали за Службата и го прикажува учењето на разузнавањето како легитимен предмет. Во 2002 година Шерман Кент од Школата за разузнавачка анализа започна со издавање на тајните повремени документи на центарот Кент, со цел да понуди можност за разузнавачки професионалци и заинтересирани колеги во едно неофицијално и неограничено ,,Возило`` да дебатираат и да ја подобрат теоријата и практиката на разузнавачката анализа.

Генерален бранител и инспекторат[уреди]

Две служби го советуваат Директорот на законитите и правилни активности. Службата на Генералниот Бранител го советува Директор на Централното Разузнавање за сите правни работи во врска со него како Директор на Централното Разузнавање и таа е основен извор за одбрана од законодавството за ЦИА. Службата на генералниот инспектор промовира ефикасност, ефективност и одговорност во актвностите на администрацијата во Агенцијата, и се обидува да наоѓа и спречува измами, непотребни трошоци, злоупотреба и запоставување на работата. Генералниот инспектор чии активности се независни за разлика од тие оод било која друга компонента на во Агенцијата, и дава извештај директно на Директор на Централното Разузнавање.

Јавни работи[уреди]

Службата за Јавни Работи го советува Директор на Централното Разузнавање за сите комуникациски прашања во врска со медиумите, јавната политика и за вработените. Оваа служба меѓу другите функции работи со забавната индустрија.

Дирекција за разузнавање[уреди]

Дирекцијата за разузнавање обезбедува секаков вид на разузнавачка анализа за странски прашања. Има четири регионални аналитички групи, шест групи за транснационлални прашања и две одделенија за подршка.

Регионални групи[уреди]

Тука е службата која е посветена на Ирак, и регионалните аналитички Служби:

Транснационални групи[уреди]

Службата за терористичка анализа го подржува Државниот центар за антитероризам преку Директорот на државното разузнавање. Службата за транснационални прашања проценува и согледува постоечки и нови закани на американската национална безбедност и ги обезбедува најискусните креатори на политиката, воени планери го анализира спроведувањето на законот, предупредувањето, и кризната поддршка. Центарот за дрога и криминал на ЦИА истражува информации од интернационален криминал за креаторите на политиката и заедницата која ги спроведува законите. Бидејќи ЦИА законски нема полициски авторитет, најчесто анализите ги праќа на ФБИ и други надлежни организации како што се ДЕА и службата за дрога, тутун и огнено оружје. Разузнавањето за оружје, нераспределување и центарот за контрола за наоружување одезбедува информации за државни и странски закани, исто така дава подршка за намалување и контрола на вооружувањето. Групата од центарот за контраразузнавачка анализа ги спознава, надгледува и разгледува напорите на странските разузнавачки лица, државјани или не кои работат против интересите на владата на САД. Работи со персонал на ФБИ во седиштето на Државното контраразузнавање со кое раководи директорот на државното разузнавање. Групата од центарот за информатички активности се справуваат со заканите во американските компјутерски системи. Оваа единица е подржана од Директорот на државното разузнавање.

Подршка и основни единици[уреди]

Службата за собирање на стратегии и анализи обезбедува разбирачка разузнавачка колекција екпертизи до Дирекцијата за разузнавање, до поглавните вработени во Агенцијата и разузнавачката заедница и до клучните државни креатори на политиката. Службата за политичка подршка ја упростува анализата а Дирекцијата за разузнавање и ја прикажува на широкораспространетите политики, спроведувачите на законот, војската и примачите на странски врски.

Дражвна тајна служба[уреди]

Во 2004 година на ЦИА и беше доделена надлежност над целото човечко разузнавање во САД, што многу мина сметаат дека е јадро на Агенцијата. Државната тајна служба (поранешна Дирекција за активности) е одговорна за собирање на разузнавачки информации од странство, преку тајни извори и тајни акции. Новото име укажува дека има примено одредени тајни средства од Министерството за одбрана. Државната тајна служба беше создадена да се прекине со долгогодишното противење за влијанието, филозофијата и буџетот помегу Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави и ЦИА. Министерството за одбрана создаде Тајна служба за одбрана под службата за разузнавање на министерството за одбрана која по одлука на претседателот на САД стана дел од Државната тајна служба. Точната денешна организација на Државната тајна служба е класифицирана.

Дирекција за наука и технологија[уреди]

Дирекцијата за наука и технологија беше создадена за истражување, создавање и управување со техничката опрема. Многу од новитетите беа префрлени на други разузнавачки организации бидејќи стана повеќе отворена кон воените услуги. На пример создавањето на набљудувачкиот авион У-2 кој лета на многу висока надморска височина беше во соработка со Военото воздухопловство на САД. Главната задача на авионот У-2 беше тајно да фотографира над непријателски области како што беше Советскиот Сојуз. Подоцна беше обезбеден со предупредувачко разузнавање и способност за сигнално и мерно разузнавање, и сега е управуван од военото воздухопловство на САД. Фотографското разузнавање собрано од У-2 и од извидничките сателити беше разгледано од организацијата на Дирекција за наука и технологија со име Државен центар за објаснување на фотографии, кој има аналитичари од ЦИА и од армијата. Подоцна Државниот центар за објаснување на фотографии беше префрлен во Државната агенција за геосателитско разузнавање. ЦИА секогаш покажува силен интерес во тоа да користи технолошки напредок за подобрување на ефективсноста. Историски овој интерес има две главни цели:

  • искористување на техники за сопствена употреба
  • борба против сите нови разузнавачки технологии кои Советската Унија може да ги развие.

Во 1999 година ЦИА ја создаде фирмата со ризичен капитал Ин-Ку-Тел за да помогне со финансирање и да развие технологии кои се во интерес на службата. Долго време беше пракса на ИТ да известува за главниот развој, како што се извидничките авиони и сателити.

Дирекција за подршка[уреди]

Дирекцијата за подршка има организирачки и административни функции врз значителни единици како што се:

  • Одделот за безбедност
  • Одделот за врски
  • Одделот за Информатички технологии (ИТ)

Практика[уреди]

Одделот за практика започнува со практика за службеници почетници за новите вработени, но исто така оддржува и курсови со широк размер на специјализирани професионални дисциплини. Така што првиот курс може да го земат вработени кои не добиле конечен безбедносен сертификат и на тој начин не им бил забранет пристап без пратење до зградата на Седиштето, добар дел од основната практиката се дава во службените згради во урбаните области на Арлингтон, Вирџинија. За подоцнежната фаза на практика на студент активности службеници, има барем еден класифициран полигон во кампот Пери, во близина на Вилјамсбург, Вирџинија. Студентите се избрани, и нивниот напредок се оценува, на начини кои произлегуваат од софтвер со отворен код, објавени како книгата Проценката на човекот и Избор на персонал за одделот за стратешки услуги.

Однос со другите извори на разузнавачки информации[уреди]

ЦИА делува како главна Американска (шпионска), човечко разузнавачка служба која раководи или координира со 16-те организации-членки на разузнавачката заедница во САД. Покрај тоа, таа добива информации од другите владини разузнавачки служби, комерцијалните извори на информации и странски разузнавачки служби.

Други разузнавачки служби во САД[уреди]

Голем број на разузнавачките организации се целосно или делумно под контрола на буџетот на Министерството за одбрана на САД или на други служби како што е јавниот обвинител на САД. Според други аналитички-членки на разузнавачката заедница во САД, како што се Државната служба за разузнавање и истражување и аналитичкиот одел за Разузнавање при Министерството за одбрана, вклучувајки го и Фотографското разузнавање на ЦИА кое го собираат авионските и сателитските системи на Државната служба за извидување обработена од Државната агенција за геосателитско разузнавање, Сигналското разузнавање, Државната безбедносна служба Сигналното и мерно разузнавање преку центар при Државната служба за разузнавање и истражување и аналитичкиот одел за Разузнавање при Министерството за одбрана.

Разузнавање со софтвер со отворен код[уреди]

До преорганизацијата во разузнавачката заедница во 2004 година една од „услугите од заеднички интерес“ што ЦИА ја даваше беше Разузнавањето со софтвер со отворен код од Службата за емитување на странски информации. Службата за емитување на странски информации потполно ја опфаќаше Заедничката служба за истражување и објавување, која е воена организација за преведување на документи, која премина во Државната организација за разузнавање со софтвер со отворен код под директорот на Државното разузнавање. ЦИА сеуште обезбедува многу некласифицирани карти и референтни документи на разузнавачката заедница и на јавноста. Како дел од мандатот да прибира разузнавање, ЦИА бара се повеќе информации на интернет и стана главен собирач на социјалните медиуми. ,,Ние гледаме на Јутјуб (YouTube) што донесува малку исклучително, добро и искрено разузнавање`` рече Даг Накин, директор на Разузнавањето со софтвер со отворен код, во седиштето на ЦИА.„ Гледаме и во чет соби (chat rooms) и во работи кои веќе не постојат пет години, и се трудиме да останеме во тек“.

Отцепување[уреди]

Голем број од обврските и функциите на активностите на Разузнавачката заедница, не само на ЦИА беа отцепени и приватизирани. Мајк МекКонел поранешен директор на Државното Разузнавње, беше решен да обелодени извештај за истрага за отцепување на Разузнавачките служби во САД, што беше побарано од Конгресот. Сепак овој извештај тогаш беше класифициран. Хилхаус шпекулира дека овој извештај вклучува барања до ЦИА да пријави:

  • различни стандарди за државни службениците и платениците
  • платениците да извршуваат слични услуги на владините лица
  • анализа на трошоците за платениците и за вработените
  • оценка за соодветноста на отцепувачките активности
  • проценка на договорите и платениците
  • споредување на надоместокот за платениците и вработените во владиниот сектор
  • анализа на трошоците на вработените во владиниот сектор
  • опишување на работните места кои треба да бидат вратени на работиничкиот модел
  • оценување на механизмите за надлежност
  • оценување на постапките за „спроведување на надзор на платеници за да се обезбеди распознавање и кривично гонење за кривични прекршоци, финансиски непотребен трошок, измама или за други злоупотреби извршени од страна на вработените и платениците“ и
  • ,,распознавање на најдобрите практики на механизмите за надлежност во рамките на договорите за услуги".

Според новинарот истражувач Тим Шорок. -ова што го имаме денес со разузнавачкиот бизнис е нешто многу повеќе системско: високи функционери ги напуштаат работите во Државната Безбедност и во борбата против тероризмот за положби каде во основа ги вршат истите функции како и во ЦИА,НСА и другите служби, но за два или три пати поголеми плати. Тоа е приватизација од највисок ред кои во нашата заеднишка меморија и искуство за разузнавањето (кралските бисери за шпионирање може да се наречат) се во сопственост на акционерската Америка. Но во суштина во сржта на нашата разузнавачка империја нема владин надзор врз овој приватен сектор. А границата меѓу јавниот и приватниот станаа толку нејасни за да бидат како непостоечки. Конгресот поднесе извештај за отцепување на 30 март 2008 година. Директорот на државното разузнавање добил овластување да го зголеми бројот на работни места на елементите во разузнувачката заедница до 10% и треба да има одлучност дека активностите кои ги врши платеникот треба да бидат направени од страна вработен во американската влада. Дел од проблемите со платениците произлегува од конгресните ограничувања на вработените во ИТ. Според Хилхаус, 70% од де факто вработените во Државната тајна служба на ЦИА се платеници. После годишниот придонес за зголемување на потпирањето врз платениците, Конгресот сега обезбедува рамка за предефинирање на платениците во службеници на федералната влада, повеќе или помалку. Како и со повеќето владини служби, се почесто опремата за градбите е со договор. Државната извидничка служба, е одговорна за развивање и управување со воздушните и вселенските сензори, што долго време беше заеднички управувана од ЦИА и од Министерството за одбрана на САД. Државната извидничка служба беше значително вмешана во производството на ваквите сензори но Државната извидничка служба тогаш под власт на директор на Централното Разузнавање, ангажираше повеќе од планираните платеници според традицијата кои се без детално извидничко искуство, Боинг. Сателитот на наредната генерација проектот - Идна фотографска архитектура, кој не ги исполни зацртаните цели и по 4 милјарди долари непланирани трошоци, беше резултат на овој договор. Некои од проблемите за трошоците во врска со разузнавање произлегоа од една служба, односно од еден оддел во една служба, не прифаќајки ги практиките за службено обезбедување, за индивидуални проекти, кои бараат дупло поголеми трошоци.

Странски разузнавачки служби[уреди]

Многу разузнавачки служби соработуваат. Може дури и да биде оспорен комуникациски канал со навидум непријателски народи. Улогата и функциите на ЦИА грубо кажано се исти како оние на Британската разузнавачка служба (како SIS или MI6), Канадската разузнавачка служба (CSIS), Австралиската разузнавачка служба (ASIS), Руската разузнавачка служба (Sluzhba Vneshney Razvedki-SVR), Пакистанската разузнавачка служба (ISI), Индиската разузнавачка служба(RAW), Француската разузнавачка служба (DGSE) и Израелската разузнавачка служба(Mossad). Додека некои поранешни служби беа одговорни за собирање и анализирање на информации, некои како Државната служба за разузнавање и истражување се исклучиво служби за анализа. Најблиски врски меѓу странските разузнавачки служби и ИТ во САД имаат Англофонските земји како: Австралија, Канада, Нов Зеланд и Велика Британија.Имаат специјални врски кога се во прашање разузнавачките пораки што ги делат помеѓу овие четири земји. Навестувањето на САД за блиската соработка е создавање на новата дистрибутивна порака за покажување во рамките на главната американска воена комуникациска мрежа. Претходно, обележувањето на NOFORN (т.е. не странски државјани) потребно да се потенцира потеклото ако постои, за сите земји кои не се во САД да можат да примаат информации.Новото раководство го сноси ризикот САД/АУС/КАН/ВБ/НЗ, користејќи основно разузнавачки пораки, што дава полесен начин да се забележи дека материјалите може да се споделат со Австралија, Канада, Велика Британија и Нов Зеланд.

Историја на организацијата[уреди]

Централната разузнавачка служба беше создадена од страна на Конгресот со делот од Државниот акт за безбедност во 1947 година, потпишан од претседателот Хари Труман. ЦИА е потомок на Уредот за стратешки услуги од втората светска војна, кој беше распуштен во октомври 1945 година и функциите беа префрлени на државните и воените министерства. Единаесет месеци порано во 1944 година, Вилјам Донован создавачот на Уредот за стратешки услуги му предложи на претседателот Френклин Рузвелт да се создаде нова организација која ке е дирекно советувана од Претседателот и која ќе обезбедува разузнавање со отворени и тајни методи и во исто време ќе овозможи разузнавачко советување, решавање на државни разузнавачки цели, и да ги поврзува сите материјали собрани од различните владини разузнавачки служби. Според неговиот план моќна, централизирана цивилна служба која ќе ги управува сите разузнавачки служби. Тој исто така предложи да е во надлежност на оваа служба извршување на подмолни активности во странство но да нема полициска или правна надлежност за спроведување на законот ни дома ни во странство. Вработени на ЦИА умреа на служба, некои во несреќи некои во смислени непријателки акции. На меморијалниот ѕид во седиштето на ЦИА, на некои од ѕвездите не се прикачени имиња, со цел да не се открива тајниот идентитет на некој службеник.Уредот за стратешки услуги и британските делови, како и други служби низ светот се борат да го пронајдат правилниот организациски баланс помеѓу собирањето на тајно разузнавање, контраразузнавањето и тајната акција.

Животите на 83 мртви службеници на ЦИА се претставени со 83 ѕвезди на меморијалниот ѕид на ЦИА во главното седиште.

Главни предходници 1946-47 година[уреди]

Уредот за стратешки услуги кој беше прва самостојна разузнавачка служба во САД, создадена за втората светска војна, за кратко време после војната беше распуштена од страна на претседателот Хари Труман на 20 септември 1945 година кога ја потпиша Извршната Наредба со што официјално беше распуштена на 1ви октомври 1945 година. Брзата преорганизација што следеше рефлектираше со рутинско одбирање на средства за бирократска конкуренција, но исто така се обидување да се справи со правилната врска помеѓу собирањето на тајно разузнавање и тајната акција (т.е. паравоени и психолошки активности). Во октомври 1945 година, работењето на Уредот за стратешки услуги беше поделен помеѓу воените и државните министерства:

Нов оддел Надзор Функции кои ги доби ОСС
Уредот за стратешки услуги (SSU) Министерство за војна Тајно разузнавање (SI) (т.е., собирање на тајно разузнавање) и Контра-шпионажа (X-2)
Привремена служба за истражување и разузнавање (IRIS) Министерство за надворешни работи Оддел за истражување и анализа (т.е., анализа на разузнавање)
Психолошко воено одделение (PWD) Министерство за војна, Генералштабот на САД Вработените службеници од операциските групи, Операција Џедбург, Морални операции (црнечка пропаганда)

Овај оддел траеше само неколку месеци. Најпрво концептот и терминот Централна Разузнавачка Служба беше спомнат и се појави во извештајот Армијата и на Морнарицата на САД презентирани од Џим Форестал и Артур Редфорд во комитетот на Сенатот за Воени Работи на крајот од 1945 година. И покрај противењето на воените структури, Министерството за надворешни работи на САД и Федералното истражно биро, претседателот Труман ја создаде Централната разузнавачка Група во јануари 1946 година што беше директен претходник на ЦИА. Централната Разузнавачка Група беше привремена организација созбадена од претседателска надлежност. Напорите на Уредот за стратешки услуги, кој сега образува аеродинамично „јадро“ на тајното разузнавање беше префрлен на Централната Разузнавачка Група во средината на 1946 година беше преконструиран како Служба за специјални активности.

Рани почетоци на ЦИА 1947-1952 година[уреди]

Во септември 1947 година со Државниот акт за безбедност од 1947 година беа создадени Советот за државна безбедност и Централната разузнавачка служба. Вицеадмиралот Роско Хелинкетер прв беше на чело на ЦИА. Државната директива на советот за безбедност на Оделот за специјални проекти, на 18 јуни 1948 (НСЦ 10/2) понатаму и довори на ЦИА власт да извршува тајни активности против непријателските држави или групи или да ги подржува пријателските странски држави и групи но под услов да бидат планирани и пратени од страна на владата на САД и одговорноста за нив не достапна за неовластени лица. Во 1949, Актот за Централната разузнавачка служба (јавно право 81/110) и овозможи на службата да користи доверливи фискални и административни постапки и најголемиот дел од основните да ги иззема од Федералните фондови. Исто така ја ослободи ЦИА од потребата да ги разоткрива своите: организации, функции, службеници, титули, плати, или броеви на своите вработени. Исто така ја создадоа програмата ПЛ-110 да се справи со бегалците и другите ,,осетливи странци`` кои се надвор од нормалните имиграциски постапки, исто така давање на тие луѓе економска подршка и скриен идентитет.

Печатот со петметарски дијаметар во лобито на зградата седиште на ЦИА.

Структурна стабилизација, 1952 година[уреди]

Тогашниот Директор на ЦР (DCI) Валтер Бедел Смит, на кој му годеше претседателскиот посебна доверба, беше тогашен прв Шеф на вработените на Двајт Еjзенхауер за време на втората светска војна, инсистираше ЦИА целосно да раководи со сите одели на Службата за специјални активности. Таа организација исто така имаше и некои незначајни функции и ја формираа Дирекцијата за планови во 1952 година. Исто така во 1952 година беа оформени Специјалните воени единици на армијата на САД, кои презедоа некоии мисии од Дирекцијата за планови. Во основа, со овој модел се овозможи ЦИА да позајмува средства од специјалните единици, иако имаа свои посебни службеници.

Почетоци на Студената војна, 1953-1966 година[уреди]

Локхед У-2 Дамата драгон прв извиднички авион кој лета на висока надморска висина.

Ален Дулс кој беше клучен операциски службеник на ОСС во Швајцарија за време на втората светска војна, ја презеде функцијата од Смит, во време кога политиката на САД деше доминирана од интензивен антикомунизам. Постојат различни извори, но највоочлив е истрагите и обвинувањата на сенаторот Џозеф МекКарти, и најтивката но планирана задржувачка доктрина развиена од Џорџ Кенан, Берлинската блокада и Корејската војна. Дулс уживаше високо ниво на флексибилност, како и неговиот брат, Џон Фостер Дулс, кој истовремено беше Државен секретар на Соединетите Американски Држави. Беше загрижен за Советскиот Сојуз и за тешкотиите за собирање информации од нивнато блиско општество, каде само неколку агенти можеа да навлезат, но доведе до решенија врз основа на напредна технологија. Првиот успех беше со авионот Локхед У-2, кој можеше да собира фотографии и да прима сигнали на голема надморска висина надвор од дофат на одбрамбениот авионски систем на Советскиот Сојуз. Потоа Гери Пауерс беше соборен со ЦА-2 земја-воздух проектил во 1960 година, што прерасна во меѓународен инцидент потоа авионот СР-71 беше развиен за да биде прикладна замена за неговата улога. За време на овој период, имаше голем број на тајни акции против ресурсниот национализам и социјализмот.По прв пат ЦИА уфрли демократски изгласана влада во Иран со Операцијата Ајакс, потоа Иран презеде контрола над нафтените резерви. Во некои од најголемите активности главна цел беше Куба откако Батиста започна со диктатурата, вклучувајќи и неколку обиди за атентат врз Фидел Кастро и неуспешната инвазија на заливот на свињите. Имаше и сомнежи за поставување на Советски ракети на територија на Куба, индиректно, кога сознаа колку биле компромитирани од америкаско-британскиот бегалец Олег Пенковски. ЦИА во соработка со Армијата, ја оформи здружената Државната служба за извидување да раководи со извидничките авиони како ште е СР-71 а подоцна со сателитите.„Фактот“за американското раководење со извидничките сателити и „Фактот“ за постоење на Државната служба за извидување, беа строго доверливи многу години.

Авионот СР-71.

Индокина и војната во Виетнам 1954-1966 година[уреди]

Мисијата Пати на Уредот за стратешки услуги пристигна во Виетнам на крајот од втората светска војна, и имаше значително влијание врз многу водичи на разни групи во Виетнам вклучувајќи го и Хо Ши Мин. Додека траеше експедиторската мисија Пати, Хо предлагаше независност во фази, со транзициско партнерство со Франција или дури и со САД, но одржувачката политика на САД беше против формирање на било каква влада која по природа е комунистичка. Првата мисија на ЦИА во Индокина, под тајно име Воена мисија Сајгон, која се одвиваше во 1954 година, под водство на Едвард Лансдејл. Американско настроените аналитичари истовремено се трудеа за проектот за развој на политичката моќ, и доколку договорениот референдум за поделба на Југот и Северот, или ако беше Југот, ќе останеше независен клиент на САД. На почеток САД беше концентрирана на Југоисточна Азија во Лаос, а не на Виетнам. За време на вмешаноста на САД во војната во Виетнам, имаше големи недоразбирања во врска со напредокот помеѓу Министерството за одбрана на чело со Роберт МекНамара, ЦИА, и разузнавачите вработени во Командниот центар за воена подршка во Виетнам. Во основа, Армијата цело време беше оптимистички настроена од ЦИА. Сем Адамс почетник аналитичар во ЦИА чија задача беше да го процени направената штета на непријателот, најпосле си даде оставка од ЦИА, на тоа искажа жалење тогашниот Директор на Централното Разузнавање Ричард Хелмс и тврдеше дека бил извршен притисок поради политички причини од Белата Куќа. Подоцна Адамс ја напича книгата „Војна на броевите“.

Раниот фотографски сателит КОРОНА/КХ4Б

Злоупотреба на авторитетот на ЦИА 1970-1990 година[уреди]

Работите се расчистија во средина на седумдесетите, за време на аферата Вотергејт. Доминантна карактеристика на политичкиот живот во текот на овој период се обидува да го убеди Конгресот да го надгледува работењето на претседателството на САД и на извршната гранка на Владата на САД. Разоткривање на поранешните активности на ЦИА, како што се атентати и обиди за атентати врз странски лидери (посебно врз Фидел Кастро), и нелегални шпионажи на некои државјани на САД, доведоа до можност за извршно надгледување на конгресот врз работењето на Разузнавачките активности на САД. Почетоците на падот на ЦИА беа со кражбата од седиштето на Вотергејт извршена од поранешни агенти на ЦИА членови на Демократската партија, и многубројните напори на претседателот Ричард Никсон да ја употреби ЦИА да ја засенат истрагата на ФБИ. Во познатиот снимен материјал ,,пиштол што чади`` што подоцна доведе до оставка на претседателот Никсон, тој му нареди на неговиот раководител на вработените Х.Р. Халдмен, да му соопшти на ЦИА дека понатамошната истрага за Вотергејт ќе ги „разоткрие сите неправилности“ во врска со Инвазијата заливот на свињите во Куба. На овој начин Никсон и Халдмен беа сигурни дека првиот и вториот по ранг службеници на ЦИА, Ричард Хелмс и Вернон Волтерс, го контактираа директорот на ФБИ Л. Патрик Греј дека ФБИ не смее да ги следи трагите во врска со средствата украдени од Комитетот заз преизбирање на Претседател, бидејќи тоа може да доведе до откривање на идентитетот на некои поткажувачи во Мексико. На почетокот ФБИ се согласи со овој договор што водеше кон долготраен договор меѓу ЦИА и ФБИ за неоткривање на меѓусебните извори на информации. Сепак, после неколку недели ФБИ го демантираше ова пишано барање, и кога не стигна повратно формално барање, ФБИ ги продолжи истрагите за украдените средства. И покрај тоа, кога снимениот материјал за аферата „пиштол што чади“ беше достапен за јавноста, неизбежена беше штетата и јавното согледување на некои од врвните службеници на ЦИА а исто така и за ЦИА во целост. Во 1973 година, тогашниот Директор на Централното Разузнавање Џејмс Р. Шлесингер издаде извештаји познати како „Фамилијарни Богатства“, во врска со нелегални активности од страна на ЦИА. Во Декември 1974 година, истражниот новинар Сејмур Херш, ги објави вестите за Фамилјарните Богатства во статија на насловната страна на весникот Њујорк Тајмс (The New York Times), кој трврдеше дека ЦИА има извршено атентати врз странски лидери, и дека е вмешана во нелегално надгледување на повеќе од 7000 граѓани кои биле вмешани во антивоени движења (Операција ХАОС (CHAOS)) .Исто така ЦИА вршела експерименти врз луѓе кој без да знаат му давале ЛСД (помеѓу другите работи). Конгресот одговори на вознемирувачките обвинувања во 1975 година, со што изврши истраги на ЦИА во Сенатот преку Комитетот Чрч, на чело со Сенаторот Френк Чрч (Д-Идахо), и во Претставничкиот дом преку Комитетот Пајк, на чело со Конгресменот Отис Пајк (Д-Њујорк).Понатаму претседателот Џералд Форд ја создаде Комисијата Рокефелер, и издаде извршна одлука за кривично гонење за атентатите врз странските лидери. Како што ЦИА се чивствуваше без корист од јавноста, Форд ги убедуваше американците дека неговите луѓе немаат никаква административна вмешаност „Во моментов јас лично знам дека нема вработени луѓе во Белата Куќа кои се поврзани со ЦИА“. Како последица од аферата Контра-Иран скандалот за шверц на оружје беше создаден Актот за овластување на разузнавањето во 1991 година. Тој дефинираше скриени активности како тајни мисии на територии каде САД е засегната или не. Со ова исто така беа овластени таканаречен ланец на команди, вклучувајќи официјален, претседателски наод извештај и известување на Претставничкиот дом и разузнавачките комитети при Сенатот, кој во итни случаи бара само „времени известувања“.

2004 година, американското разузнавачкото општество Директорот на државното разузнавање ги презема главните функции на ЦИА[уреди]

Со Актот за разузнавачки реформи и спречувањето на тероризмот во 2004 година беше оформена службата на Директорот на државното разузнавање, кој презеде некои функции на владата и на разузнавачката заедница кој порано беа во надлежност на ЦИА. Директорот на државното разузнавање управува со разузнавачката заедница во САД и исто така раководи со „разузнавачкиот круг“. Меѓу функциите кои преминаа во Директорот на државното разузнавање беше и изготвување на проценката која се одразуваше на консолидарното мислење на 16 разузнавачки служби, и подготовка за информирање на претседателот. На 30 јули 2008 година, претседателот Џорџ Буш издаде извршна одлука 13470 изменувајќи ја извршна одлука 12333 за да ја зајакне улогата на Директорот на државното разузнавање. Претходно Директорот на Централното Разузнавње ја надгледуваше разузнавачката заедница, и му служеше на претседателот како главен советник за разузнавање, и дополнително служеше како глава на ЦИА. Насловот на Директорот на ЦР сега е Директор на Централната Разузнавачка Служба кој е на чело на ЦИА. Во моментов, ЦИА дава извештај на Директорот на државното разузнавање. Пред оформувањето на Директорот на државното разузнавање, ЦИА даваше извештај на Претседателот, со информациски состаноци во конгресните комитети. Државниот советник за безбедност е постојан член на Советот за државна безбедност, и е одговорен за советување на Претседателот со значајни информации собрани од разузнавачките служби на САД, вклучувајќи ги Агенцијата за државна безбедност, Управата за борба против дрогата итн. Сите 16 разузнавачки служби се под власта на Директорот на државното разузнавање.

Прашања и контроверзии поврзани со мисиите[уреди]

Во историјата на ЦИА се наоѓаат неколку должности, несомнено вклучувајќи ги тајните акции, но исто така и собирање на сктиено и отворено разузнавање, анализа на разузнавањето и известување, и логистичка и техничка подршка за активностите. Пред преорганизацијата на Разузнавачката заедница во декември 2004 година, исто така беше одговорна за раководење на проценка на работењето на Разузнавачката заедница. Овие статии се направени на два различни начини: по географски регион (за домашни и странски актери кои се ограничени во државата или некој регион) и потранснационална тема (за актери кои не се државјани). Активностите на ЦИА по региони, за државите и датите се расправа во следниве статии.

Анализите на ЦИА, прашањата како што се ефектот од појавувањето на заразните болести, и откривање на оружјата за масивно уништување, што по природа се транснационални, се наведени во наредниве статии. Активностите на ЦИА и каде што е дозволено овластување на сккриени активности (на пример, НСДД 138 овластената директна акција против непријателите) од транснационална тема се наведени во наредниве статии на Википедија:

Покрај тоа, поглед на тајните активности на САД кои се исклучиво поврзани со активности во промена на режими се наведени во нареднава статија на Википедија.

Главните извори за овој дел се од Советот за надворешни работи на САД, Архивата за државна безбедност и универзитетот Џорџ Вашингтон, Актот за слобода на информирањето, библиотеката на ЦИА, сослушувањата во Конгресот на САД, книгата на Блум и книгата на Вајнер. Имајте на ум дека ЦИА има одговори на тврдењата во книгата на Вајнер, и дека Џефри Ричелсон од Архивата за државна безбедност исто така ги критикуваше. Области кои се контроверзни и најчесто нелегалните акции вклучуваат експерименти вршрни на луѓе без дозвола за проучување на хемиски средства за изнудување информации или онеспособување на лица. Друга засегната област е тортурата и тајното затворање. Имало обиди за атентати по наредба и со подршка од ЦИА за ликвидирање на странски лидери, од страна на државјани на земјите на лидерите, и прилично различни активности кои може да се спротивни од основните закони за војна, како атентирање на воени лидери.

Безбедносни и контраразузнавачки неуспеси[уреди]

Иако имињата се менуваат периодично, постојат две основни функции да се заштити безбедноста на ЦИА и на нејзините активности. Постои Одделот за безбедност во Дирекцијата за поддршка, кој е одговорен за физичкото обезбедување на објектите на ЦИА, за безбедно чување на информации, како и персоналот на безбедносни сертификати. Овие се насочени внатре во самата служба.Тоа што сега е Државна тајна служба, има контра-разузнавачка функција, таканаречен Штаб за контра-разузнавање под наоспоруваниот шеф, Џејмс Исус Ангелтон. Улогата на оваа функција вклучува пронаоѓање на сужбеници кои обезбедуваат информации на странските разузнавачки служби (FIS) и се познати како кртови. Друга улога е проверка на предлозите за регрутирање на странски луѓе за собирање на разузнавачки информации од странство, и проверка на истите дали имаат некакви врски со странските разузнавачки служби и дали ќе се обидат да навлезат во ЦИА со цел да ги научат практиките и вработените, или како провокатори или во форма на двојни агенти. Исто така како компонента на оваа служба се смета офанзивната контрашпионажа, со што се труди да се поврзи со службеници од странски разузнавачки служби. Агентите на ЦИА често на терен имаат задачи како офанзивна контра-шпионажа или како тајно собирање на разузнавање.

Безбедносни неуспеси[уреди]

Разоткривањето на „Фамилијарните Богатства“ и други документи од страна на Министерството за одбрана ЦИА ја прекрши забраната да се меша во домашното спроведување на законот, некогаш со намера да и помогне на полициските организации блиски до ЦИА. На 30 декември 2009 година, имаше самоубиствен напад во оперативната база Чапман, која беше главна база во областа Кхост, Авганистан. Беа убиени шест службеници на ЦИА вклучувајќи го и шефот на базата, а други шест беа посериозно повредени во нападот. Доследно на тоа ЦИА спроведе истрага за тоа како бомбашот самоубиец успеал да ги избегне безбедносните мерки на базата.

Контраразузнавачки неуспеси[уреди]

Највероватно нај уривачки период според советскиот дезертер Анатолиј Голитсин, беше кога Џејмс Исус Ангелтон тргна во потрага по крт. Вториот дезертер Јури Носенко кој ги предизвика тврдењата на Голитсин, по што двајцата меѓусебно се нарекуваа двојни агенти. Многу службеници на ЦИА потпаднаа под сомневања за завршување на кариерата, деталите од поврзаните вистини и невистини од Носенко и Голитсин може никогаш да не бидат објавени, односно нема да можат да се сватат целосно. Обвинувањата исто така го преминаа и Атланскиот Океан и стигнаа до британските разузнавачки служби, кои исто така беа оштетени од потери по кртови. На 24 фебруари 1994 година службата ја потресе ставањето зад решетки на 31 годишниот ветеран службеник Алдрих Амес кој беше осуден за шпионирање на Советскиот Сојуз од 1985 година. Други дезертери ги вклучија и оперативно-тереснкиот службеник Едвард Ли Хауард, и работникот од пониско ниво во 24 часовниот Центар за операции на ЦИА Вилијам Кампилс. Кампилс ги продаде на Советскиот Сојуз деталното операциско упатство за употреба на извидничкиот сателит КХ-11.

Неуспех во разузнавачката анализа[уреди]

Критики беа упатени кон службата исто така за неефективност на служба за собирање на разузнавање. Поранешниот Директор на централното разузнавање Ричард Хелмс после завршувањето на Втората светска војна искоментира ,,единствената преостаната супер сила нема доволно заинтересираност за тоа што се случува во светот за да организира и да води служба за шпионажа. ЦИА беше особено критикувана за пропустот што не го предвидоа распаѓањето на Советскиот Сојуз. Видете ги информатичките технологии, дел од раководството за разузнавачка анализа за дискутијата за можни пропусти за обезбедување на автоматизациска подршка на аналитичарите , и А Вселена за програма на Разузнавачката заедница за собирање на некои од нив. Сознаените стапици во разузнавашката анализа исто така спаѓаат во областа каде што ЦИА откри дека може да има пропуст. Ветерани на службата изразија жалење за неспособноста на ЦИА да произведе долготрајно стратешко разузнавање како што некогаш имаше, за да ги води креаторите на политиките. Џон МекЛохин, кој беше заменик директор и вршител на должноста директор на централното разузнавање од октомври 2000 година до септември 2004 година, рече дека ЦИА е удавена од побарувањата на белата куќа и Пентагон за итни информации, разузнавачката анализа заврши како да е Википедија за Вашингтон. Во статијата за разузнавачка анализа, насочување себеси на потрошувачите се зборува за начини на кои разузнавањето ќе биде попродуктивно за барањата на креаторите на политиките. За медиумите најинтересни се неуспесите. Број декласифицирани проценки на државното разузнавање го предвидоа однесувањето на некои држави, но не на начин кој е интересен за вестите, или најзначајно, не беа јавни за време на случувањата. Во нивната операциска улога, одреден напредок за ЦИА беа програмите У-2 и СР-71, анти-советските и операциите во Авганистан во средината на 80-тите. Меѓу првите неуспеси на анализата, пред ЦИА да има сопствени способности за собирање на информации, беше кога самоуверениот претседател Хари С Труман кој на 13 октомври 1950 година увери дека кинезите нема да праќаат војска во Кореја. Шест дена потоа, повеќе од еден милион кинески војници пристигнаа. Видете анализа на неустехот, исто така видете ги околните текстови за двете Кореи и Кина, и временскиот период пред корејскат војна. Пред тоа, разузнавачката заедница неуспеа да ја предвиди инвазијата на Северна Кореја, делумно поради тоа што ресурсите не им беа доделени на Сигналското разузнавање со покриеност на корејскиот полуостров. Историјата на американското разузнавање со исклучок на француската Индокина и потоа двата Витнама, е долга и комплексна. Се почесто Документите од Пентагон содржат песимистички анализи на ЦИА кои се спротивни од позициите во Беалта куќа. Произлезе дека некои проценки беа сменети да се прикажат гледиштата на Пентагон и Белата куќа. За подетални дискусии за разузнавачките и тајните операции од 1945 година видете активности на ЦИА во Азија и Пацификот. Друга критика е неспособноста да се предвидат нуклеарните тестови на Индија во 1974 година. Испитувања од различни анализи во врска со нуклеарната програма на Индија предвидоа некои гледишта за тестот, како што е извештајот од 1965 година кажува прецизно, дек а ако Индија развие бомба, ќ е биде објаснета како за „миротворни цели“. Најоглемата критика е неспособноста да се насетат нападите на 11 септември. Извештајот на комисијата за 9/11 пронајде недостатоци во целост на разузнавачката заедница. На пример еден од проблемите беше неспособноста на ФБИ да ги ,,спои точките`` со споделување на информации помеѓу нивните децентрализирани теренски седишта. Сепак, овој извештај ги критикува анализите на ЦИА и ја отежнува нивната истрага. Извршниот извод како извештај беше објавен на 21 август 2007 година од страна на канцеларијата на ннадзорникот на ЦИА, генералот Џон Хелгерсон, и содржеше дека поранешниот директор на централното разузнавање Џорџ Тенет не беше способен соодветно да ја подготви службата да се справи со опасноста која беше прикажана од Ал Каеда пред нападите на 11 септември 2001 година. Извештајот беше завршен во 2005 година, и со договор со Конгресот деше објавен во јавноста на делови, и покрај приговорите од актуелниот Директор на разузнавачката заедница Мајкл Хајден. Хајден изјави дека објавувањето во јавността ќе биде „трошење на време и внимание навраќајки се на земја што е добро изорана“. Тенет не се сложи и со заклучоците на извештајот, и цитираше дека планирал лице в лице средби со Ал Каеда, особено од 1999 година.

Запрашувачки/контроверзни тактики[уреди]

ЦИА беше повикана за испитување во повеќе прилики за некои од тактиките на вработените за извршување на нивните мисии. Некогаш овие испитувања содржеа измачување, финансирање и подршка на групи и организации кои подоцна ќе учествуваат во убивање на цивили и други луѓе кои не се борци и ќе пробува и ќе успее во уфрлувањето на демократски изгласани влади, екпериментирање со луѓе, атентати и посочени убиства. Предизвикувачки се етичките проблеми, во разбирање на улогата на ЦИА во човековите права. Џон Скотвел, службеник кој ја напушти ЦИА и стана јавен критичар, и рече дека теренските службеници на ЦИА:„Тие не ги среќаваат смртните одреди на улиците на кои всушност тие сецкаат луѓе и ги легнуваат на земја па им поминуваат со камиони врз главите. Луѓето на ЦИА во Сан Салвадор се среќаваат со шефовите на полицијата, и со луѓето кои ги водат смтните одреди, и соработуваат со нив среќавајќи се на базените во нивните вили. И тоа е софистициран, цивилизиран начин на однос. Тие зборуваат за ницните деца кои учат во УКЛА, Харвард или други школи, и не зборуваат за хоророт што тие го направиле, претварајќи се како да не е вистина“. ЦИА беше критикувана и за нивната главна задача,неспособност во собирањето на разузнавање. Различно од оваа критика се исказите за злоупотреба на службената должност кои се значителни за недостатокот на внимание во главните мисии во смисла на спорните работи, како што се обидите за атентати и прекршувањењто на човековите права, води кон тоа да операциите имаат многу мала поврзаност со собирањето на разузнавање. ЦИА беше обвинета дека повеќе од 90% од вработените живеат и работат во САД, а не во странските земји, што е прекршок на нивната повелба. ЦИА исто така беше обвинета за недостаток на финансиска контрола и контрола над предавниците што доведе до губиток и измама.

Главниот влез во седиштето на ЦИА


Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „CIA Frequently Asked Questions“. „cia.gov“. 28 јули 2006. https://www.cia.gov/about-cia/faqs/index.html#employeenumbers. конс. 4 јули 2008. 
  2. Crile, George (2003). „Charlie Wilson's War“. Grove Press. ISBN 0871138549. 
  3. Kopel, Dave (28 јули 1997). „CIA Budget: An Unnecessary Secret“. http://www.cato.org/dailys/7-28-97.html. конс. 15 април 2007. 
  4. „Cloak Over the CIA Budget“. 29 ноември 1999. http://www.fas.org/sgp/news/1999/11/wp112999.html. конс. 4 јули 2008.