Министерство за одбрана на Соединетите Американски Држави

Од Википедија — слободната енциклопедија
Министерство за одбрана

Seal of the Department of Defense

Основано: 26 јули, 1947
Активирано: 18 септември, 1947
Преименувано: 10 август, 1949
Секретар: Роберт М. Гејтс
Заменик секретар: Гордон Р. Ингланд
Воен буџет на САД: $532,8 милијарди (2007, официјално)
Вработени: 700.000 цивилни лица
2.300.000 воени лица (2004)

Министерство за одбрана на Соединетите Американски Држави (англиски кратенки DOD или DoD) е федерално министерство задолжено за усогласување и надзор на сите агенции и функции на владата директно поврзани со националната безбедност и армијата на САД. Организациската поставеност и функциите на министерството се утврдени во Поглавјето 10 од Законикот на САД.