Џек Бауер (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џек Бауер

Бауер во текот на хронометарот на Светското друмско првенство UCI 2010
Лични податоци
Цело име Џек Бауер
Роден 7 април 1985 (1985-04-07) (29 г.)
Такака, Тасман, Нов Зеланд
Висина 1,91 м
Маса 74 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Гармин-Шарп
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Панчер
Аматерски клубови
2009 Кингснорт Аматер Вилерс (Белгија)
Професионални клубови
2010–2011
2012–
Ендура Рејсинг
Гармин-Баракуда
Значајни победи
MaillotNuevaZelanda.PNG Национален друмски првак (2010)
Јапонски куп (2013)
Последна промена
30 октомври 2014

Џек Бауер (англиски: Jack Bauer; р. 7 април 1985) — новозеландски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Гармин-Шарп.[1][2] Во јануари 2010, Бауер станал национален друмски првак, додека возел за Ендура Рејсинг.[2] Во ноември 2011, Бауер објавил дека потпишал со професионалната екипа Гармин-Баракуда за сезоните 2012 и 2013 по чекорите на неговиот сонародник, Џулијан Дин.[3][4] Останал со екипата и трета сезона во 2014.[5] На петнаесеттата етапа на Тур де Франс 2014, Бауер се одвоил со Мартин Елмигер и возеле сами 222 километри, но биле достигнати од групата на само неколку метри пред целта.[6]

Бауер пораснал во мал град наречен Пара Пара, недалеку од Такака на Јужниот Остров од Нов Зеланд. Првично започнал како возач на мотори (крос-кантри), Бауер се префрлил на друмскиот велосипедизам во 2007. Неговата кариера оттогаш се движи нагоре, особено во 2009, кога освоил бројни друмски трки.

Достигнувања[уреди]

2009
2. Краен пласман Трка околу Саутланд
1. Етапа 2
2010
1. MaillotNuevaZelanda.PNG Национално друмско првенство
1. Етапа 5 Трка околу Велингтон
2. Краен пласман Тур Саутленд
1. Етапа 3
8. Комонвелтско хронометарско првенство
10. Комонвелтско друмско првенство
2011
1. Етапа 2 Трка околу Јута
2. Краен пласман Трка Олимпија
9. Краен пласман Тур де Норманди
2012
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Катар
1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д’Италија
4. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
7. Национално друмско првенство
10. Олимписка друмска трка
2013
2. Јапонски куп
5. Краен пласман Трка околу Британија
2014
1. Пролог Хералд Сан Тур
2. Silver medal blank.svg Друмска трка на Комонвелтските игри
2. Национално друмско првенство
7. Краен пласман Трка на лозјата
1. Етапа 5

Наводи[уреди]

  1. Објавена екипата Тим Гармин Шарп 2014!“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 31 декември 2013 (конс. 2 јануари 2014).
  2. 2,0 2,1 Џек Бауер во Гармин-Шарп“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (конс. 6 јануари 2013).
  3. Тим Гармин-Шарп-Баракуда го откри составот за 2013“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (конс. 6 јануари 2013).
  4. „Велосипедизам: Бауер се придружил на Гармин Сервело“. Tvnz.co.nz. http://tvnz.co.nz/othersports-news/kiwi-bauer-joins-garmin-cervelo-4549118. конс. 20 ноември 2011. 
  5. Гармин-Шарп (GRS) – САД“, „Светска турнеја UCI“, Меѓународен велосипедистички сојуз (конс. 2 јануари 2014).
  6. Стивен Фаранд. „Бауер скршен по пропуштената прилика за етапна победа во Ним на Тур де Франс“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 7 јули 2014 (конс. 7 јули 2014).

Надворешни врски[уреди]