Густав Ларсон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Густав Ларсон

Ларсон на хронометарот на Светското друмско првенство 2011
Лични податоци
Цело име Густав Ерик Ларсон
Роден 20 септември 1980 (1980-09-20) (32 г.)
Шведска
Податоци за клубот
Мом. клуб ИАМ Сајклинг
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за хронометри
Професионални клубови
2001–2002
2003–2005
2006
2007
2008–2011
2012
2013-
Крескент
Фаса Бортоло
Франсе де Жу
Унибет.com
Тим ЦСЦ
Вакансолел-ДКМ
ИАМ Сајклинг
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 етапа (ITT) (2010)

Еднодневни трки и класици

Шведски национален хронометарски првак (2006, 2007, 2010, 2011, 2012)
Последна промена
5 февруари 2013

Густар Ерик Ларсон (роден на 20 септември 1980 во Гемла) е шведски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа ИАМ Сајклинг.[1]. Тој е многу добар во хронометрите, што го има докажано на Летната олимпијада 2008, каде го освоил сребрениот медал.

Содржина

Професионална кариера [уреди]

На меѓународна сцена го претставувал Тим Саксобанк, а во Шведска Скогхалс ЦК-Хаморо. Ларсон започнал со велосипедизам, кога имал 14 години и покажал голем талент и посветеност, станал професионален 7 години подоцна. Екипата Фаса Бортоло била неговиот прв работодавач и кога екипата била распуштена во 2005, се преместил во екипата Франсе де Жу. Возел една година за нив и повторно се префрлил во шведско-белгиската екипа Унибет.com, која добила покана за учество на UCI ProTour во 2006. Но, само што започнала сезоната 2007, екипата се нашла во конфликт со Amaury Sport Organisation, која јасно објавила дека Unibet.com не може да биде поканета на Париз-Ница или Тур де Франс. Другите организатори го следеле нивниот потег, па така екипата не добила скоро ниедна покана. Екипата се распаднала кратко потоа. Тим ЦСЦ покажал интерес за Ларсон и тој возел за нив во 2008. По сезоната 2008 било објавено дека Ларсон, ќе потпише со Кејс д’Епарњ за 2009, но тој продолжил со Тим Саксо Банк. Останал со екипата до крајот на 2011, кога се преселил во Вакансолел-ДКМ.[2] Ларсон го напуштил Вакансолел-ДКМ на крајот на сезоната 2012 и ѝ се приклучил на новата швајцарска екипа ИАМ Сајклинг за сезоната 2013.[3]

Во јуни 2007, Ларсон го освоил шведското хронометарско првенство. Победата дошло еден ден, откако неговата девојка настрадала во сообраќајка и имала сериозни повреди на главата. Исто така станал национален хронометарски првак во 2006, 2010, 2011 и во 2012.

Личен живот [уреди]

Живее во Бесано, Италија, со неговата сопруга Вероника Андреасон, која е шведски друмски велосипедист, исто така.

Достигнувања [уреди]

2002
1. Краен пласман Трка околу Словачка
1. Етапа 5
1. Етапа 1 Рингерике ГП
1. Етапа 4 Трка околу Бранденбург
2006
MaillotSuecia.PNG Национален хронометарски првак
2007
MaillotSuecia.PNG Национален хронометарски првак
2008
1. Хронометар Трка околу Данска
2. Silver medal blank.svg Олимписки игри, Олимписки хронометар
2009
1. Етапа 3 Тур ду Поату Шарент ет де ла Виен
2. Silver medal blank.svg Светско хронометарско првенство UCI
2010
MaillotSuecia.PNG Национален хронометарски првак
1. Етапа 21 (ITT) Џиро д’Италија
1. Краен пласман Тур ду Лимузин
1. Етапа 2 (ITT)
1. Етапа 1 (ITT) Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
2011
MaillotSuecia.PNG Национален хронометарски првак
2012
MaillotSuecia.PNG Национален хронометарски првак
1. Етапа 1 (ITT) Париз-Ница

Наводи [уреди]

  1. ИАМ Сајклинг го објави составот за 2013“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 септември 2012 (проверено на 22 септември 2012).
  2. Вакансолел потпиша со Ларсон“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 10 октомври 2011 (проверено на 5 јануари 2012).
  3. ИАМ Сајклинг го објави соствот за 2013“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 септември 2012 (проверено на 24 септември 2012).

Надворешни врски [уреди]