Иван Сергеевич Тургенев
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Иван Сергеевич Тургенев (Орјол, 28 октомври 1818 – Париз, 22, август, 1883) е руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Неговите дела извршиле големо влијание врз новелистиката. Најзначајните дела му се романите „Благородничко гнездо“, „Рудин“, „Татковци и деца“ и „Спроти новите дни“ и драмата „Еден месец на село“.