Зоран Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зоран Милутинов Стојановски (Томино Село, Македонски Брод, 28 октомври 1937) — македонски психолог и универзитетски професор[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Стојановски е роден во Томино Село, Поречко на 28 октомври 1937 година. Образование завршил во Долни Манастирец, а учителска школа во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград во 1965, а магистрирал во Центарот за мултидисциплинарни студии во Белград во 1975 година. Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1986 година. Работел како психолог во Заводот за вработување во Куманово и како советник во Републичкиот завод за унапредување на воспитанието и образованието. За асистент на Филозофскиот факултет е избран во 1971, а редовен професор е од 1992 година[2]. Изведувал настава по предметот педагошка психологија на Филозофскиот и на Педагошкиот факултет во Скопје и на Факултетот за учители и воспитувачи во Битола. Бил раководител на Институтот за психологија, продекан на Филозофскиот факултет и проректор за настава и наука на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Објавил повеќе од осумдесет научни и стручни трудови од областа на психологијата на образованието и училишната психологија.

  • Изработување и користење на неформални тестови на знаења, 1973;
  • Тестови на знаење, 1988;
  • Социјалниот статус на учениците и личните особини, 1988;
  • Векслеров поединечен тест на интелигенција за македонската популација, 1989;
  • Inventory of European Longitudinal Studies in the Behavioural and Medical Science, 1990.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Филозофски факултет 1946–1976,Скопје, 1976, 77
  2. Филозофски факултет:1976–1996, Скопје, 1996, 91