Каналето

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џовани Антонио Канал)
Каналето
НационалностВенецијанец
ОбразованиеЛука Карлеварис
Познат(а) попределно сликарство, гравура
Каменорезница, 1726-30.
Големиот Канал кај црквата Салуте, 1730.
Нортамберлендска Куќа, Лондон

Џовани Антонио Канал (италијански: Giovanni Antonio Canal) (Венеција, Венецијанска Република, 28 октомври 169719 април 1768),[1] попознат како Каналето (Canaletto), бил венецијански пределен уметник, најпознат по своите погледи на Венеција познати како ведути. Бил и важен гравер (клишист).

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Враќањето на Бучинторото во Молото на Денот на Вознесението, 1738.

Каналето бил син на сликарот Бернардо Канал, и и затоа го нарекле Каналето. Неговиот внук Бернардо Нелото бил исто така пределен сликар; го користел прекарот Каналето за напредување во сопствената кариера.

Каналето е роден во Венеција на 28 октомври 1697 во семејството на Бернардо и Артемизија Барбиери, и чиракувал кај татко му и брат му. Почнал да се занимава со татковата професија, сликар на театарски сцени. Каналето се инспирирал од римскиот ведутиста Џовани Паоло Панини, и започнал да го слика секојдневието на градот и луѓето во него.

По враќањето од Рим во 1719, почнал да слика во неговиот познат топографски стил.[2] Неговото прво потпишано дело е Архитектонско капричо (1723, Милано, во приватна збирка).[1] Додека учел кај постариот сликар Лука Карлеварис, умерено талентиран сликар на урбани градски предели,[2][3] тој набргу му станал рамен на мајсторот.

во 1725, Алесандро Маркезини, набавувачот за лукезинскиот колекзионер Стефано Конти се заинтересирал за купување на уште две погледи на Венеција, кога агентот го посоветувал наместо тоа, да размисли за делото на „Антонио Канале... [Кое е] како Карлеварис, но може да се види блесокот на сонцето во него.“[4]

Многу од раните дела на Каналето биле насликани 'од природата', за разлика од тогашниот обичај да се завршуваат сликите во студио. Некои од подоцнежните дела се враќаат на стариот обичај, како што може да се види од тенденцијата кон сликање на далечни ликови како дамки боја - ефект кој се добива со помош на камера опскура, која ги заматува подалеките објекти.

Меѓутоа неговите слики се секогаш пример за прецизност: тој ја овековечил сезонската поплава на Венеција во вода и мраз.[5]

Раните Каналетови дела денес се најпосакуваните, и според многу стручњаци, тие воедно се и најдобрите. Едно од неговите најдобри рани дела е Каменорезница (1729, Лондон, Национална Галерија) кое прикажува скромна работилница во градот.

Подоцна Каналето се прочул со своите грандиозни сцени на венецијанските канали и Дуждовата палата. Неговите големоразмерни слики на славните венецијански поворки и традиции, се иновативни по употребата на атмосферските ефекти и силни локални бои. Поради овие особености, може да се рече дека неговите дела го предвидуваат Импресионизмот.

Дејност во Англија[уреди | уреди извор]

Многу од неговите слики биле продавани на англичани кои биле на нивната Голема обиколка, од кои најважна улога играл Џозеф Смит (кој подоцна бил назначен за британски конзул во Венеција во 1744).

Смит бил неговиот агент, кој најпрвин му порачувал слики од Венеција во раните 1720-ти и посредувал во продажба на сликите на други англичани.[6]

Во 1740-тите пазарот на Каналето се пореметил заради Војната за австриското наследство која довела до намалување на бројот на британските посетители во Венеција.[7] Смит исто така ги средувал продажбите на серијата гравури на капричи (капричо, каприц),[3] но приходот не бил доволно добар, и во 1746 Каналето се преселил во Лондон, за да биде поблиску до неговиот пазар.[2]

Првиот Вестминстерски мост според Каналето во 1746

останал во Англија до 1755, каде сликал погледи на Лондон (меѓу кои и новиот Вестминстерски мост) како и слики на замоците и куќите на неговите клиенти. Во неговата слика на Стариот валтонски мост од 1754 тој се несликал и себеси.

Во англија често од него се очекувало да слика на истиот начин како што сликал во родниот град. Општо гледано, овој период се смета да незадоволителен, главно заради опаѓачкиот квалитет на неговите дела.[се бара извор] Неговите слики почнале да страдаат од повторливост, губејќи на прелеаност, и станале толку механички, што англискиот уметнички критичар Џорџ Вертју сметал дека човекот кој сликал под името 'Каналето' бил некој друг сликар-измамник.

Каналето бил приморан да прави јавни сликарски демонстрации за да го докаже спротивното; меѓутоа неговото реноме не успеало во целост да се поврати сѐ додека бил жив.[8]

По неговото враќање во Венеција, Каналето бил избран за член на Венецијанската Академија во 1763. Потоа продолжил да слика сѐ до неговата смрт во 1768. Во подоцнежните години често работел од стари цртежи, но понекогаш правел и изненадувачки, нови композиции. Бил подготвен да прави суптилни промени на топографијата за давање на уметнички ефект.[3]

Популарност[уреди | уреди извор]

Поглед на влезот на Венецијанскиот Арсенал, 1732

Негови ученици биле внукот Бернардо Белото, Франческо Гварди, Микеле Мариески, Габриеле Бела, Џузепе Морети и Џузепе Бернардино Бизон.[5]

Џозеф Смит му го продал најголемиот дел од сопствената збирка на кралот Џорџ III, така создавајќи го лавовскиот дел од сликите на Каналето во сопственост на Кралската збирка. Постојат многу други негови слики во разни британски збирки, од кои неколку се во Волесовата збирка и збирка од 24 во трпезаријата на Вобурнската опатија.

Пределите на Каналето секогаш се продавале по високи цени, па дури и во XVIII век царицата Катерина Велика и други европски монарси се натпреварувале во тоа кој ќе ги добие најграндиозните негови слики. Рекодрдната цена на аукција за слика од Каналето е 18.6 милиони британски фунти за Поглед на Големиот Канал од Палацо Балби кон Ријалто, во Сотбис во Лондон, во јули 2005 година.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Пјацетата (1733-1735)
  • Големиот Канал кај црквата Салуте (1738-1742)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Pedrocco, Filippo (1995) Canaletto "Giunti". 48 стр., ISBN 88-09-76198-7
  2. 2,0 2,1 2,2 Macfall, Haldane. (2004) A History of Painting "Kessinger Publishing". 320 страници. ISBN 1-4179-4508-7.
  3. 3,0 3,1 3,2 Tecco, Betsy Dru. (2004) How to Draw Italy's Sights and Symbols "The Rosen Publishing Group". 48 страници. ISBN 0-8239-6686-0.
  4. J.G. Links, Canaletto and his patrons, Granada Publishing/Paul Elek Ltd., London 1977. стр. 1.
  5. 5,0 5,1 Fletcher, C. A. and Spencer, T. (2005) Flooding and Environmental Challenges for Venice and Its Lagoon "Cambridge University Press". 718 страници. ISBN 0-521-84046-5.
  6. Morris, Edward. (2001) Public Art Collections in North-West England "Liverpool University Press". 192 страници. ISBN 0-85323-527-9.
  7. Canaletto, Antonio. (1971) Views of Venice by Canaletto "Courier Dover Publications". 90 страници. ISBN 0-486-22705-7.
  8. Eglin, John. (2001) Venice Transfigured: The Myth of Venice in British Culture, 1660-1797 "Palgrave". 272 страници. ISBN 0-312-23299-3.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]