Предраг Угрински

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предраг Стефанов Угрински (Тетово, 28 октомври 1936 - Сремска Каменица, Србија, 2 декември 1988) — македонски специјалист по патолошка анатомија и поранешен редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје од 1986 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Угрински е роден во Тетово на 28 октомври 1936 година. Дипломирал медицина во Скопје во 1961, а специјализирал патолошка анатомија во 1965 година. Работел експериментална патологија на очното јаболко. Хабилитирал на тема за морфолошките одлики на заматените корнеални хомотрансплантати во 1972. Докторирал на тема за одделни клеточни популации што го отфрлуваат корнеалниот трансплантат во 1986 година. Престојувал на НИХ (националните институти за здравје) во Бетезда (САД), каде што работел на хиперсензитивитетот, од чиешто истражување сознанијата се печатени. Публикувал над 113 трудови. Бил директор на ООЗТ Институти (1977-1978). Бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје од 1982 до 1986 година[1] и шеф на Катедрата по патолошка анатомија (1986-1988). Дал придонес во имунопатологијата. Организирал лаборатории за клеточен имунитет и краткотрајна култура на ткива. Бил претседател на Македонското лекарско друштво во 1981 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Медицински факултет - Список на декани“. Архивирано од изворникот на 2009-10-08. Посетено на 2009-10-29.