Сократов метод

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сократика е метод на учење прво применуван од страна на атинскиот философ Сократ (470 п.н.е. - 399 п.н.е). Со својот метод, тој поставувал прашања на кој собеседникот одговарал, но така вешто му го поставувал прашањето што го принудувал самиот него, за она што на почетокот тврдел дека го знае да признае дека не знае, зашто инаку би се судрил со логичките закони. Тоа е оној дел од методичката процедура која се викала иронија.

Вториот дел од постапката се состои во тоа што собеседникот со прашањата постепено, одејќи од блиското кон подалечното да дојде до дефиниција на поимот за кој се спори и со тоа да се постигне вистинско знаење. Овој создавачки дел од вештината се темели на изреката: „Познај се самиот себеси“.