Франсоа Рабле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франсоа Рабле
Francois Rabelais - Portrait.jpg
Занимање писател, лекар, хуманист
Националност француско
Високо образование Университет во Поатје, Универзитет во Монпелие
Правец Хуманизам и ренесанса
Значајни дела Пантагруел, Гаргантуа и др.
Портал
http://www.musee-rabelais.fr/ François Rabelais Museum

Франсоа Рабле (фр. François Rabelais), (~ 1494 – 9 април 1553) бил најголемиот француски ренесансен писател, лекар и хуманист. Во тек на историјата бил сметан за писател на фантазијата, сатирата, гротеската и шегата.

Биографија[уреди]

Иако местото или датумот на неговото раѓање не е сигурно документирано, а некои научници велат дека тоа било во 1483 година,[1], се знае дека Франсоа Рабле е роден во ноември 1494 година во близина на Шинон, Индр-е-Лоар, каде што неговиот татко работел како адвокат.[2] Ла Дивиниер во Сеји, Индр-е-Лоар, е името на имотот за кој се тврди дека е родното место на писателот и куќата каде е музејот на Рабле.

Подоцна тој го напушта манастирот за да учи на Универзитетот во Поатје и Универзитетот во Монпелие. Во 1532 година, се преселил во Лион, еден од интелектуалните центри на Франција, и освен што практикува медицина, објавува и латински дела за издавачот Себастиен Гриф. Како лекар, го користи своето слободно време за да пишува и објавува хумористични памфлети кои биле критички настроени кон власта и ја истакнувал својата перцепција на индивидуалната слобода. Неговите револуционерни дела, иако сатирични, откриваат еден остроумен набљудувач на општествените и политичките настани коишто се одвиваат во текот на првата половина на XVI век.

Користејќи го псевдонимот Alcofribas Nasier (анаграм на Франсоа Рабле), во 1532 година ја објавил својата прва книга, Пантагруел , што ќе биде почеток на неговиот серијал за Гаргантуа. Во оваа книга, Рабле пее пофалби за вината од неговиот роден град Шинон преку живописни описи на јадењето, пиењето и веселбата начин на живот на главниот лик, џинот Пантагруел и неговите пријатели. И покрај големата популарност на неговата книга, како и книгата за животот на таткото на Пантагруел (Гаргантуа) беа осудени од страна на академиците во Сорбона и од страна на Римокатоличката црква поради потсмевот на одредени религиозни практики. И третата книга на Рабле, објавена под негово име, била забранета.

Со поддршка од членовите на истакнатото семејство Ди Беле, Рабле добил одобрение од кралот Франсоа I, да продолжи да ја објавува збирката. Но, по смртта на кралот, Рабле е осуден од страна на академската елита, и францускиот парламент ја суспендирал продажбата на неговата четврта книга.

Инаку, Рабле често патувал за Рим со својот пријател, кардиналот Жан ди Беле, и кратко време живеел во Торино со братот на ди Беле, Гијом, во времето кога Франсоа бил негов покровител. Рабле веројатно поминал некое време во криење и бегство бидејќи бил прогласен за еретик. Само заштитата на ди Беле го спасила Рабле после осудата на неговиот роман од страна на Сорбона.

Рабле подоцна предавал медицина во Монпелие во 1534 и 1539 година, а во 1547 година, станува свештеник во Свети-Кристоф-ди-Жамбе и Медон, од каде се повлекол пред својата смрт во [ [Париз]] во 1553.

Постојат различни кажувања за смртта на Рабле и неговите последни зборови. Според некои, тој напишал една позната реченица во својот тестамент: "Јас немам ништо, должам многу, а остатокот го оставам на сиромашните," а последните зборови му биле "Одам да го барам Големото Можеби.[3]

Гаргантуа и Пантагруел[уреди]

Наслов на едицијата од 1571 која ги содржи последните три книги за Пантагруел: "Le Tiers Livre des Faits & Dits Heroïques du Bon Pantagruel" ("Третата книга за јуначките дела и зборови на добриот Пантагруел

Гаргантуа и Пантагруел ја раскажува приказната за двајцата џинови - таткото, Гаргантуа, и неговиот син, Пантагруел - и нивните авантури, напишана во еден смешен, екстравагантен и сатиричен начин.

Додека првите две книги се фокусираат на животите на двата џина, остатокот на серијата е главно фокусиран на авантурите на пријателите на пантагруел - како на пример Панирж, а измамничкиот ерудит Маверик, и брат му Жан, бивш монах во потрага по “Боженственото шише“.

Иако повеќето поглавја се хумористични, сурови и понекогаш фантастични до апсурдност, неколку релативно сериозни преоди станаа симбол на описот на хуманистичките идеали од времето. Конкретно, писмото на Гаргантуа до Пантагруел и поглавјата за ладоста на Гаргантуа со прилично детална визија во врска со образованието. Под хуморот се наѕира концептот за едно идеално општество.

Рабле и јазикот[уреди]

Француската ренесанса била време на јазични контроверзи. Меѓу прашањата дебатирани од страна на научниците било и она за потеклото на јазикот. Кој бил првиот јазик? Дали јазикот е нешто со што сите луѓе го имаат од раѓање или нешто што ќе го научат (nature versus nurture)? Дали има некаква поврзаност меѓу зборовите и предметите на коишто тие се однесуваат, или зборовите се чисто произволни? Рабле во своите книги меѓу другото се занимава и со овие прашања.

Почетокот на 16 век исто така било и време на иновации и промена на француски јазик, особено во неговата писмена форма. Првата Граматика е објавена во 1530 година, а девет години подоцна и првиот речник. Бидејќи правописот бил многу помалку кодифициран отколку денес, секој автор користел сопствен правопис. Рабле и самиот лично развил свој сет на прилично комплексни правила. Тој бил поддржувач на етимолошкиот правописот, т.е. оној што го одразува потеклото на зборовите, и на тој начин, спротивно на оние коишто фаворизирале некој поедноставен правопис, оној што го одразува реалниот изговор на зборовите.

Раблеовата употреба на неговиот мајчин јазик била оригинална, жива, и креативна. Тој вовел десетици грчки, латински, италијански позајмици, француски кованици и идиоми. Тој, исто така се користел со дијалектот а измислил и нови зборови (раблеизми) и со метафори. Некои од нив станале дел од стандардниот јазик а се користат и денес. Рабле е секако еден од авторите кои на значаен начин го збогатиле француски јазик.

Современите писатели за Рабле[уреди]

Анатол Франс предавал за него во Аргентина. Михаил Бахтин, руски философ и критичар, го извлекол својот концепт на гротескно тело од светот на Рабле. Џорџ Орвел не е обожавател на Рабле. Пишувајќи во 1940 година, тој го нарекол "исклучително перверзен, морбиден писател - еден случај за психоанализа.[4] Милан Кундера, во еден напис на 8 јануари 2007 во весникот Њујоркер , напишал: "(Рабле), заедно со Сервантес, е основачот на целата уметност , уметноста на романот. " (страна 31). Тој зборува за високото значење на Рабле, нарекувајќи го "најдобариот", заедно со Флобер.

Делата на Рабле[уреди]

  • Гаргантуа и Пантагруел, серија од 4 или 5 книги вклучувајќи ги:
    • Pantagruel (Пантагруел)(1532)
    • La vie très horrifique du grand Gargantua, вообичаено наречено Гаргантуа (1534)
    • Le tiers livre ("Третата книга", 1546)
    • Le quart livre ("Четвртата книга", 1552)
    • Le quint livre (Петтата книга, за која се дебатира дали ја напишал Рабле)

Белешки[уреди]

  1. The Rabelais Encyclopedia, стр. xiii
  2. „Rabelais, François“. The Columbia Encyclopedia, Sixth Edition. 2001–07.. http://www.bartleby.com/65/ra/Rabelais.html. конс. 27 мај 2008. 
  3. „Rabelais to Surratt“. Last Words of Real People. http://www.geocities.com/athens/acropolis/6537/real-q.htm. конс. 28 мај 2008. 
  4. Review of Nailcruncher by Albert Cohen, included in The Collected Essays, Journalism and Letters of George Orwell Volume 2.

Наводи[уреди]

  • „François Rabelais“. Encyclopaedia Britannica Online. http://www.britannica.com/eb/article-9062352/Francois-Rabelais. конс. 27 мај 2008. 
  • Alex Online. (2003). Alex Online. Retrieved on 20 април, 2006.
  • Bowen, Barbara C. (1998), „Enter Rabelais, Laughing“, Vanderbilt University Press, ISBN 0826513069 
  • Broder, John M. Edward Kennedy, Senate Stalwart, Dies, The New York Times, 26 август 2009. Retrieved 2009-08-26.
  • Del Campo, Gerald. Rabelais: The First Thelemite. The Order of Thelemic Knights.
  • Febvre, Lucien. Gottlieb, Beatrice trans. The Problem of Unbelief in the Sixteenth Century: The Religion of Rabelais (Cambridge: Harvard University Press, 1982)
  • Lee, Jae Num. "Scatology in Continental Satirical Writings from Aristophanes to Rabelais" and "English Scatological Writings from Skelton to Pope." Swift and Scatological Satire. Albuquerque: U of New Mexico P, 1971. 7–22; 23–53.
  • Dixon, J.E.G. & John L. Dawson. Concordance des Oeuvres de François Rabelais. Geneva: Librairie Droz, 1992.
  • Screech, M.A. (1979). „Rabelais“. London: Duckworth. ISBN 0715616609. 
  • Thelemapedia. (2004). François Rabelais. Retrieved on 14 април, 2006.

Надворешни врски[уреди]

Wikisource
Викиизвор има оригинални дела од или за:
Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: