Политика (Аристотел)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Аристотеловата Политика (старогрч. Πολιτικά) е дело од полето на политичката философија. Започнува онаму каде завршува делото Никомахова етика, па затоа овие две дела се сметаат за делови од поголем трактат кој се занимава со „философијата на човековите работи“. Буквално преведено, насловот на книгата значи „работи за полисот“.

Состав[уреди]

Книжевниот карактер на Политика е предмет за извесна дебата, која произлегува од текстуалните потешкотии заради губењата на Аристотеловите дела. Книга III завршува со реченица која се повторува во Книга VII, додека книгите IV-VI имаат поинаков карактер од останатите; Книга IV неколку пати се навраќа на расправата за најдобриот режим од Книга VII-VIII.[1] Затоа некои издавачи ги ставаат книгите VII-VIII по Книга III. Меѓутоа истовремено, споменувањата на „расправите за политиката“ кои ги наоѓаме во Никомахова етика ни укажуваат на тоа дека трактатот во целина треба да заврши со расправа за образованието која ја наоѓаме во Книга VIII од Политика.

Вернер Јегер се има искажано дека Политика всушност претставува спој на два засебни трактата.[2] Првиот (книги I-III, VI-VIII) би ја преставувал помалку зрелата мисла на Аристотел, додека сѐ уште наполно не се имала одцепено од Платон, и затоа делото обраќа поголемо внимание на најдобриот режим. Вториот (книги IV-VI) би бил поемпириски поставен, и затоа би припаѓал на подоцнежна развојна фаза на Аристотеловата мисла.

Кернс Лорд пак вели дека ова гледиште не е доволно основано, и ги доведува во прашање разликите кој Јегер ги забележува. На пример, Книга IV експлицитно укажува на полезноста на разгледувањето на конкретни постоечки режими (Јагеровиот „емпириски“ фокус) со цел за одредување на најдобриот режим (Јагеровиот Платонски фокус). За разлика од ова, според Лорд Политика е завршено дело, а на книгите VII и VIII навистина им е местото помеѓу III и IV; тој вели дека моменталниот ред на книгите е само механичка грешка при транскрибирање.[3].

Трета можнсот е дека Аристотел сакал да ја реорганизира веќе завршената Политика, но починал пред да можел да го стори тоа. Така, првичниот трактат би ги содржел книгите VII-VIII помеѓу книгите III и IV, но подоцнежните составувачи го промениле редот врз основа на планираната ревизија предложена во Никомахова етика. Според оваа теорија, нашата верзија на Никомахова етика би била подоцнежна отколку нашата верзија на Политика.

Преглед[уреди]

Книга I[уреди]

  • Потеклото на државата
  • Ропство
  • Домаќинство
  • Природни и неприродни начини на стекнување на добра

Книга II[уреди]

Книга III[уреди]

  • Кој е граѓанин?
  • Класификација на уредувањата
Во Книга III, глави 6-7, Аристотел ја воспоставува познатата класификација на шест вида на владеење поделени од една страна на 'добри' и 'расипани', а од друга, помеѓу разниот број на владетели кои го сочинуваат управното тело - имено, еден, неколку или многу. Добрите видови се монархија, аристократија и политеја, додека расипаните видови се тиранија, олигархија и демократија или 'власт на толпата'. Добрата власт управува во заеднички интерес, додека расипаната власт владее во интерес на властодршците.
  • Праведна распределба на политичка моќ
  • Видови монархии

Книга IV[уреди]

  • Задачите на политичката теорија
  • Зошто постојат многу видови на уредувања?
  • Видови демократии
  • Видови олигархии
  • Политејата како оптимално уредување
  • Владини служби

Книга V[уреди]

  • Промена на уредувањето
  • Револуции кај разните видови на уредувања и начини за зачувување на истите
  • Нестабилноста на тираниите

Книга VI[уреди]

  • Демократски уредувања
  • Олигархиски уредувања

Книга VII[уреди]

  • Најдобрата држава и најдобриот живот
  • Идеалната држава. Нејзиното население, територија, позиција и др.
  • Граѓаните на идеалната држава
  • Брак и деца

Книга VIII[уреди]

  • Образованието во идеалната држава

Аристотеловата класификација[уреди]

Аристотеловата класификација на уредувањата

По изучување на разни вистински и теоретски уредувања на градовите-држави, Аристотел ги класификувал според разни критериуми. На една страна се вистинските (добри) уредувања, кои се сметаат за такви бидејќи за цел го имаат општото добро, а од друга страна се извитоперените (девијантни) уредувања, кои се сметаат за такви бидејќи целат само кон доброто на одреден дел од градот. Потоа уредувањата се подредени според бројот на оние кои учествуваат во управувањето: еден, неколку или многу. Шестоделната класификација на Аристотел е малку поразлична од онаа во Платоновото дело Државник. Дијаграмов ја илустрира таа класификација.

Белешки[уреди]

  1. Lord, "Introduction," 15.
  2. Jaeger, Aristoteles.
  3. Lord, "Introduction," 15–16

Извори[уреди]

  • Jaeger, Werner (1923). Aristoteles: Grundlegung einer Geschichte seiner Entwicklung. Berlin. Прев. Richard Robinson како Aristotle: Fundamentals of the History of his Development, Oxford 1948.
  • Lord, Carnes (1984). Introduction to The Politics, од Aristotle. Прев. Carnes Lord. Chicago: University of Chicago Press.
  • Landman, Todd (2003). Issues and Methods in Comparative Politics. An Introduction (Второ издание). Oxon: Routledge. ISBN 0-415-27270-X.

Надворешни врски[уреди]