Органон
- За други употреби, видете Органон (појаснување)
| Дел од серијата за |
| Аристотел |
|
|
Идеи
|
|
Влијанија и следбеници
|
Органон (старогрчки: Όργανον, „орудие“, „метод“) е името кое Аристотеловите следбеници, перипатетиците ѝ го дале на збирката од шест дела по тема логика. Делата се Категории, Аналитика Прва, За толкувањата, Аналитика Втора, За софистичките побивања и Топика.
Содржина |
[уреди] Составни делови на текстот
Редот на делата не е хронолошки (кој денеска тешко се одредува), туку намерно избран од перипететиците за да сочини добро-структуриран систем; така некои делови изгледаат како шеми за предавања по логика. Подредувањето на делата го надгледувал Андроник од Родос околу 40 п.н.е.1
Аристотеловата Метафизика има многу заеднички точки на интелектуален пресек со „Органон“, но традиционално не се смета за дел од него; покрај ова има и логички дела, припишани (со варијабилна убедливост) на Аристотел кои не им биле познати на перипатетиците.
- Категориите (лат. Categoriae) нѐ воведуваат во десетслојната класификација на она што постои. Категориите се: материја, квантитет, квалитет, однос, место, време, ситуација, услов, акција и страст.
- За толкувањата (лат. De Interpretatione) нѐ воведува во Аристотеловата замисла за тврдење и расудување, и ги обработува нивните спротивности. Ова е неговиот најголем придонес кон философијата на јазикот. Тука се зборува и за т.н. Проблем на случајноста на иднината.
- Аналитика Прва (лат. Analytica Priora) нѐ воведува во неговиот силогистички метод, кој е обработуван во статијата појмовна логика, и аргументира за неговата точност, и расправа за индуктивната инференција.
- Аналитика Втора (лат. Analytica Posteriora) се занимава општо со правилното расудување.
- Топиката (лат. Topica) се занимава со проблематиката на конструирање валидни аргументи, и инференција која е веројатна, наместо сигурна. Во овој трактат Аристотел ја споменува можноста за предикабили, која подоцна ја развил философот Порфириј и схоластичките логичари.
- За софистичките побивања (лат. De Sophisticis Elenchis) се занимава со логички грешки, и ја дава клучната врска кон Аристотеловиот труд на тема реторика.
[уреди] Влијание
Аристотеловите логички дела се единствените негови значајни дела кои никогаш не биле заборавени во западна Европа; сите останати дела биле запоставени (но зачувани гркофонските земји во Римското Царство) од неговата смрт, па сѐ додека не бил преведени на латински во XI век.
„Органон“ се користел во Аристотеловата школа, Ликејот, и некои делови од делото служеле како шема за предавање. Квалитетот на делата бил толку ценет, што неговите издавачи (на пр. Андроник од Родос во 50 п.н.е.) ги собрале.
Во овие дела ги наоѓаме првите теории за онтолошките категории (важни за негои гранки на модалната логика), првичниот развој на формалната логика, првтото сериозно научно инстражување во теоријата на (формалното и неформално) расудување, основите на модалната логика, и некои претходности на методологијата на науките.
Огранон не бил секогаш популарен за хеленско време. Стоичката логика доминирала, особено делата на Хризип (кои денес не се зачувани).
Во VIII век, схоластиците во неарапска Европа, ја изучувале и дообработувале логиката врз основа на „Органон“. Еден од најголемите схоластици бил доминиканскиот свештеник Албер Велики (1206–1280), учителот на Тома Аквински (1226–1274).
Делата на Аристотел се изучувале во Арапското царство од странана исламски и еверјски академци, во кои спаѓаат рабинот Мајмонид (1135–1204) и кадијата Ибн Рушд (1126 - 1198) кои живееле во Кордоба, Шпанија. Кордоба тогаш имала 70 библиотеки, од кои една содржела 40,000 книги; двете најголеми библиотеки во неарапскиот свет во тоа време имале само по 2,000 книги секоја.
За време на Просветителството постоел обновен интерес во логиката како основа на рационалното размислување, па така низа книги, од кои најуспешно Порт-Ројалска логика, ја приспособиле аристотеловата појмовна логика за педагошки цели. Додека во ова време логиката била базирана на Аристотел, самиот тој и неговите дела не се изучувале. Ова е поради тенденцијата во тоа време, да се смета дека современата логика е целосна, нешто што спречило секаква иновација на ова поле. Имануел Кант сметал дека по Аристотел немало што друго да се измислува, а славниот историчар на логиката Карл фон Прантл вели дека логичарот кој сака да воведе нови идеи во логиката мора да е: „во забуна, глупав или извитоперен“. Овие примери ја илустрираат моќта на Аристотеловите влијанија.
По логичките октритија и иновации во XIX век, особено со октривањето на индиската логика, Буловата алгебарска логика и формулирањето на предикатната логика, Аристотеловата логика се изучува повеќе од историски интерес. Меѓутоа постои, главно педагошки интерес во појмовната логика заради неговата блискост со расудувањето кое се среќава во природниот јазик.
[уреди] Белешки
[уреди] Наводи
Целиот „Органон“ на англиски:
-
- „Категории“ (англиски)
- „За толкувањата“ (англиски)
- „Аналитика Прва“ (англиски)
- „Аналитика Втора“ (англиски)
- „Топика“ (англиски)
- „За софистичките побивања“ (англиски)
- I. M. Bocheński, I. M., 1951. Ancient Formal Logic. North-Holland, Amsterdam.
- Louis Couturat, 1961. La Logique de Leibniz. Georg Olms Verlagsbuchhandlung, Hildesheim.
- Hammond and Scullard, 1992. The Oxford Classical Dictionary. Oxford University Press, ISBN 0-19-869117-3.
- Јан Лукасјевич, 1951. Aristotle's Syllogistic, from the Standpoint of Modern Formal Logic. Clarendon Press, Oxford.
- Parry and Hacker, 1991. Aristotelian Logic. State University of New York Press, Albany.
- Terence Parsons, 1999. 'Традиционален плоштад на противењето'. Статија од Стенфордската енциклопедија на философијата (англиски)
- Lynn E. Rose, 1968. Aristotle's Syllogistic. Clarence C. Thomas, Springfield.
- Robin Smith, 2004. 'Аристотеловата логика. Статија од Стенфордската енциклопедија на философијата. (англиски)
- W. Turner, 1903. 'Историја на философијата'. Ginn and Co, Boston. Сите наводи во статијава се однесуваат на Глава Деветта од 'Аристотел' (англиски).
[уреди] Надворешни врски
- J. Evans, 'Преглед на „Органон“. Белешки од предавање. (англиски)
- Статија Аристотел на Интернет енциклопедија на философијата (англиски)
