Портал:Философија
Од Википедија, слободната енциклопедија
уреди |
|
Философија е грчки збор (φιλοσοφία) и значи „љубов кон мудроста“ (фило - љубов и софија - мудрост). Прашањето „Што е философија?“ е самото по себе философско прашање. Ова укажува на природата на философијата. Тематиката на философијата е општа и истата е единствената дисциплина која воедно се занимава и со самата себе. Накратко, философијата може да се рече дека е збир на фундаментални прашања за универзумот.
Некои традиции ја гледаат философијата како студија за уметноста и науката на животот: како генерална теорија, но и како советник за животот. Според овој став, философијата се занимава со одговарање на прашањето како да се живее, наместо како да се сфати човековото опкружување.
По аналитичката традиција, философијата е креативна наука. По други традиции пак, философијата е градиво кое треба да се совлада. Сепак, во ниеден случај философијата не е догма и не треба да се поистоветува со такви учења.
Прочитајте повеќе...
|
|
| уредиИзбрана статија |
| Предсократските философи се дејци од времето пред Сократ или негови современици, но изложувајќи сфаќања формирани пред тоа. Изразот води потекло од делото Die Fragmente der Vorsokratiker (Фрагментите на предсократовците, 1903) од Херман Дилс.
Понекогаш е тешко да се одреди линијата на аргументирање на некои предсократовци со кои ги излагале своите гледишта. Додека највеќето од нив пишувале значајни дела, ниедно од тие дела не е зачувано во целост. Сѐ што имаме се само нивни циирања од страна на подоцнежни философи и историчари и по некој писмен фрагмент. Прочитајте повеќе
|
|
| уредиДали знаете... |
|
|
|
| уредиРаботи кои можеш да гии направиш |
|

|
Еве неколку работи кои се потребни: :
|
|
|
|
|
|
| уредиИзбран философ |
|
Георг Вилхелм Фридрих Хегел (27 август, 1770–14 ноември, 1831) е германски философ роден во Штутгарт, Виртемберг, денешна југозападна Германија. Неговото влијание е широко распространето врз најразлични писатели, вклучувајќи ги неговите следбеници (Ф. Х. Бредли, Сартр) и неговите противници (Керкегор, Шопенхауер, Хајдегер и Шелинг). Хегел е познат по својот подвиг да елаборира опсежна и систематска онтологија тргнувајќи од логички почеток.
Хегел бил фасциниран од делата на Спиноза, Кант, Русо и Гете, како и од Француската револуција. Прочитајте повеќе
|
|
| уредиИзбрана слика |
|
Познатата скулптура на Огист Роден Мислителот, која многу често се употребува за да се означи философијата
|
|
| уредиКлучни статии |
|
|
|
|
|
|
| уредиПоврзани портали |
|
|
|
|
| уредиФилософија на останатите вики проекти |
|
|