Огист Роден
Од Википедија
Франсоа Огист Рене Роден (француски: François-Auguste-René Rodin) (4 ноември 1840 - 17 ноември 1917) беше познат француски скулптор. Поради неговите извонредни дела тој се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Работел во истиот период со сликарите импресионисти. Негова најзначајна заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и послободното третирање на скулптурската материја и на фигурата. Роден е еден од малкуте скулптори кои се широко познати надвор од заедницата за визуелни уметности.
Негови најпознати дела се Мислителот, Бакнежот, Граѓаните на Кале и Балзак.