Промена

Од Википедија — слободната енциклопедија

Промена е поим кој означува премин од исто во различно.

Промената како философски концепт[уреди | уреди извор]

Промената, квалитетот на непостојаноста и на текот имала прошарана историја како концепт. Во старогрчката филозофија, додека Хераклит ја сметал промената за секогаш присутна и за сеопфатна, Парменид го негирал нејзиното постоење. Овидиј, со неговото дело „Преобразби“, има големо значење за класичното тематско сфаќање на промената како преобразба. Птоломејската астрономија предвидувала главно статичен универзум, со случајни промени ограничени во помалку вредните сфери. Средновековната мисла гаела голема почит кон авторитетот и откровението, значително стеснувајќи каков било поттик за промена. Исак Њутн и Готфрид Лајбниц ги искористиле математичките концепти во калкулус|калкулусот за да добијат математички модели на промената. Ова претставувало голем чекор во разбирањето на текот и варијацијата.

Со појавата на индустријализацијата и капитализмот, важноста на иновацијата растела, и социјалните и политичките пресврти и притисоци често предизвикувале промена со насилна револуција (како во Северна Америка и во Франција на крајот од 18 век). На крајот од XX век, бизнис и Њу Ејџ размислувањата ентузијастички се фокусирале на трансформација во менаџментот, во функцијата и во менталните ставови, игнорирајќи или омаложувајќи ја промената во општеството или во геополитиката.

Културните ставови кон промената, сама по себе, може да припаѓаат на следниве две категории:

Промената може да бара организмите и организациите да се адаптираат (видете: Еволуција).

Менаџмент на промените[уреди | уреди извор]

Промената како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Франц Кафка, Преобразба и други раскази, Темплум, Скопје, 2007.
  2. YouTube, david bowie - changes (пристапено на 7.12.2020)
  3. DISCOGS Hendrix* ‎– Band Of Gypsys (пристапено на 7.12.2020)