Батависка Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Batavian Republic
Bataafse Republiek
Вазалство на Француската империја

1795–1806
Знаме Грб
Батависката Република
Главен град Хаг¹
Јазици Холандски
Уредување Република
Историја
 -  Основана јануари 19 1795
 -  Замрела јуни 5 1806
¹ де факто

Батависката Република (холандски: Bataafse Republiek) претставувала вазална република на Франција, која постоела во периодот од 1795 до 1806 година. Државата ги опфаќала териториите на денешна Холандија. Таа била претходничка на Холандската Република, а била создадена со доаѓањето во Франција на власт на Наполеон Бонапарт и неговата инвазија на регионот.

Републиката била прогласена на 19 јануари 1795 година, еден ден по бегството на Вилхем V од Холандија во Англија и по француската инвазија на француската револуционерна армија.[1] Новата република уживала широка поддршка од холандското население и претставувала производ од револуцијата во Франција.[2] За разлика од Франција, во холандија револуцијата успеала по мирен пат. Земјата два века била под републиканско управување. Гилотината не се користела.

Сепак, процесот при создавањето на Холандскиот устав бил создаден од страна на внатрешните политички фактори, а не од страна на француската власт. Политичките, економските и социјалните реформи кои биле донесени за време на релативно краткото постоење на земјата имало доста малку влијание. Конфедерациската структура на старата Холандска Република била заменета со унитаризмот. за прв пат од историјата на Холандија бил донесен устав, во 1798 година, чии елементи содржал доста демократски карактер.

Религиозното прашање во земјата било решено на таков начин што католиците, протестантите и евреите добиле еднакви права. Биле донесени законите за правата на човекот и граѓанинот. Името на републиката произлегува според германската династија Бетавијци, кои живееле во Холандија во римско време и кои се сметале дека се директни потомци и основачи на холандската нација. За разлика од Франција, во новата република немало никаква диктатура или терор врз населението.

во текот на постоењето на Батависката Република, државниците на три пати се нашле под државен удар. Првиот пат се случил во 1798 година, од страна на унитаристичките демократи, кои не биле задоволни од спроведените демократски реформи. По само неколку месеци следувал и вториот удар, во кој завршило управувањето на земјата од страна на унитаристите. Третиот државен удар се случил во 1801 година, кога еден Французин кој го подржувал Наполеон, успеал да ја заземе власта.

Наводи[уреди]

  1. Schama, стр. 191
  2. Schama, стр. 187; Israel, стр. 1120