Милионер од гетото (филм)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Милионер од гетото Slumdog Millionaire“ |
|
Официјален постер |
|
| Режирано од | Дени Бојл |
|---|---|
| Продуцент | Кристијан Колсон |
| Сценарист | Викас Суарпур (роман) |
| Настапуваат | Дев Пател Фрида Пинто Анил Капур Ирфан Кан |
| Музика | А.Р. Раман |
| Дистрибутер | Fox Searchlight Pictures |
| Премиера | 26 декември 2008 |
| Времетраење | 120 мин. |
| Држава | |
| Јазик | англиски |
| Буџет | 15 мил. долари |
| Бруто заработка | $377,417,293 |
Милионер од гетото (англиски: 'Slumdog Millionaire') е англиски драма– филм на Дени Бојл од 2008 год. Филмот е адаптација на бројно наградениот роман на индискиот автор и дипломат Викас Суарпур. Дејството на филмот е сместено во Индија и ја раскажува субдоносната приказна за еден учесник на индијската верзија на квизот "Кој сака да биде милионер".
Откако бил прикажан на различни фестивали, и филмскиот фестивал во Торонто, Милионер од гетото ја имал својата ограничена премиера во САД на 12 ноември 2008 год под продукција на Fox Searchlight Pictures и Warner Bros. Филмот добил значително многу позитивни критики, а потоа следувала неговата премиера низ цел свет.
Филмот е номиниран и добитник на многу филмски награди, како наградите за најдобар филм на Златен глобус и БАФТА, а исто бил номиниран во десет категории на доделувањето на Оскари во 2009 и победил во осум од нив.
Содржина |
[уреди] Синопсис
Во центарот на приказната е осумнаесетгодишниот Џамал Малик, сираче од улиците на Мумбај, кој се пријавува на квизот "Кој сака да биде милионер" само за да и ја докаже својата љубов на девојката која ја љуби, а со тоа ќе го доживее и најголемиот успех во својот живот. Во мигот кога целата нација го гледа, тој е на прашањето чиј точен одговор може да му донесе награда од 20 милиони рупии во индиското издание на квизот "Кој сака да биде милионер". Но откако ќе се изгаснат камерите, полицијата го апси и го обвинува дека мамел. Едноставно никој не верува како може дете од улицата да има толкаво знаење. Решен да докаже дека не е виновен, Џамал ја раскажува својата животна приказна. Тој раскажува како со брат му се снаоѓале на улица, се бореле со локални банди и зборува за девојката што ја сакал, но ја загубил. А секое поглавје од неговата животна приказна е одговор на прашање во квизот. По ова, му останува да се врати и да одговори и на последното прашање.
[уреди] Актерска екипа
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Дев Пател | Џамал Малик |
| Фрида Пинто | Латика |
| Анил Капур | Прем Кумар |
| Ирфан Кан | Полициски инспектор |
| Мадур Митал | Салим |
| Танај Чеда | Џамал Малик (помлад) |
[уреди] Награди и номинации
[уреди] 66то издание Златен Глобус
Најдобар драма филм - победник
Најдобар оригинален саундтрак – победник
Најдобро сценарио (Симон Буфо) – победник
Најдобар режисер во драма (Дени Бојл) - победник
[уреди] 81во издание Оскар
Најдобар филм - победник
Најдобар режисер (Дени Бојл) - победник
Најдобро адаптирано сценарио - победник
Најдобра кинематографија - победник
Најдобра монтажа- победник
Најдобар саундтрак - победник
Најдобра песна - победник
Најдобра звучна монтажа - номиниран
Најдобри миксани звуци - победник