Американска убавина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Американска убавина“
American-beauty-mov-poster.jpg
Режирано од Сем Мендез
Продуцент Брус Коен
Ден Џинкс
Сценарист Алан Бол
Настапуваат види подолу
Музика Томас Њуман
Кинематографија Конрад Л. Хол
Монтажа Тарик Анвар
Кристофер Гринбури
Дистрибутер Дримворкс
Премиера Flag of the United States.svg САД 8 септември 1999 (премиера)
Времетраење 122 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет 15,000,000 долари[1]
Бруто заработка 356,296,601 долари

Американска убавина (англиски: American Beauty) е американски филм од 1999, сместен во американските предградија. Главните улоги ги толкуваат Кевин Спејси и Анет Бенинг. Ова е дебитантски филм за сценаристот Алан Бол и режисерот Сем Мендез. Четворицата беа номинирани за Оскар, а филмот освои вкупно пет, вклучувајќи го и Оскарот за најдобар филм.

Содржина[уреди]

Лестер Бурнхем е 42-годишен работник во една маркетинг агенција. Досадниот живот во предградијата го имаат претворено во губитник. Неговата сопруга, Каролин, со која одамна немал интимни односи, мисли само на работата и успехот, а него го игнорира. Ќерката Џејн минува низ бурен пубертет и се оддалечува од татко и без воопшто да го почитува неговиот авторитет, а ја иритира непримерниот интерес на татко и кон нејзината пријателка Енџела Хејс, убава девојка која сака да стане манекенка за да се издигне над обичните луѓе. Но баш љубовта кон Енџела ќе му ја врати на Лестер волјата за живот и самодовербата. Понесен од среќата, тој ја напушта својата досадна работа и почнува да го прави само тоа што го прави среќен. Во исто време, Џејн се вљубува во Рики, чудно момче од соседството, кој е малтретиран од својот насилен татко хомофоб.

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Кевин Спејси Лестер Бурнхем
Анет Бенинг Керолин Бурнхем
Тора Бирч Џејн Бурнхем
Вес Бентли Рики Фитс
Мена Сувари Енџела Хејс
Крис Купер пор. Френк Фитс
Питер Галагер Бади Кејн

Награди[уреди]

Белешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: