Најдобрите години од нашиот живот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Најдобрите години од нашиот живот“
The Best Years of Our Lives film poster.jpg
Плакат за филмот
Режирано од Вилијам Вајлер
Продуцент Семјуел Голдвин
Сценарист Роберт И. Шервуд
Мекинли Кентор
Настапуваат Фредрик Марч
Мирна Лој
Дејна Ендрус
Тереза Рајт
Вирџинија Мајо
Харолд Расел
Музика Хјуго Фридхофер
Кинематографија Грег Толанд
Монтажа Дениел Мендел
Студио „Samuel Goldwyn Productions
Дистрибутер RKO Radio Pictures
Премиера ноември 21 1946 (1946-11-21)
Времетраење 172 минути
Држава САД
Јазик Англиски
Буџет $2.1 милиони
Бруто заработка $23,650,000[1]

Најдобрите години од нашиот живот е американски драма филм, режиран од Вилијам Вајлер, во кој глумат Фредрик Марч, Мирна Лој, Дејна Ендрус, Тереза Рајт, Вирџинија Мајо и Харолд Расел. Во филмот се обработува приказната за тројца американски војници кој се обидуваат да си ги средат своите живот по враќањето од Втората светска војна. За продуцирањето на овој филм, Семјуел Голдвин бил инспириран откога прочитал колумна за ветерани објавена во магазинот Тајм на 7 август, 1944, во која биле опишани тешкотиите на војниците по нивното враќање од војна и живеење како цивили. Голдвин најмил поранешен воен репортер за да напише сценарио. Неговото дело, најпрво било објавено како новела именувана „Слава за мене“.[2][3] Подоцна, Роберт Шервуд ја адаптирал новелата на сценарио.[3]

„Најдобрите години од нашиот живот“ освоил седум оскари во 1946, меѓу кои и оскар за најдобар филм, оскар за најдобар актер, оскар за најдобар актер во споредна улога, оскар за најдобра монтажа, оскар за најдобро адаптирано сценарио и оскар за најдобар резултат.[4] Филмот веднаш добил пофални критики и набрзо станал најголемиот комерцијален успех по издавањето. Во САД и Обединетото Кралство, Најдобрите години од нашиот живот станал најпосетениот филм по издавањето на „Однесени од виорот“. Во ОК се наоѓа на шестото место на најпосетени филмови на сите времиња со продадени над 20 милиони билети.[5] Како филм меѓу оние со највисока гледаност, при продажбата на билети ја надминал сумата од 20,4 милиони долари.[6]

Награди[уреди]

Награда Резултат Победник
Најдобар филм Победничка „Samuel Goldwyn Productions“ (Семјуел Голдвин, продуцент)
Најдобар режисер Победничка Вилијам Вајлер
Најдобар актер Победничка Фредрик Марч
Најдобро адаптирано сценарио Победничка Роберт И. Шервуд
Најдобар актер во споредна улога Победничка Харолд Расел
Најдобра монтажа Победничка Дениел Мендел
Најдобра музика Победничка Хјуго Фридхофер
Најдобар звук Номинирана Гордон И. Сојер
Победил Џон П. Ливадри за филмот Приказната Џолсон
Почесна награда Победничка На Харолд Расел


Наводи[уреди]

  1. „Најдобрите години од нашиот живот“ (1946). Бокс Офис Моџо. Проверено на 4 февруари, 2010.
  2. Орис, 1984, стр. 119.
  3. 3,0 3,1 Емануел Ливај. „Преглед: „Најдобрите години од нашиот живот“ (1946). emanuellevy.com, 4 мај, 2010. Проверено на 20 ноември, 2011.
  4. "19. доделување на оскари, номинации и победници. oscars.org. Проверено на 20 ноември, 2011.
  5. "BFI'S Ultimate Film Chart." BFi.org.uk. Проверено на 27 јули, 2010.
  6. Топ 100 филмови. Channel 4. Проверено на 25 октомври, 2010.

Надворешни врски[уреди]