Одејќи по својот пат

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Одејќи по својот пат“
Одејќи по својот пат - плакат.jpg
Режирано од Лио Мекери
Продуцент Лио Мекери
Сценарист Френк Батлер
Френк Кавет
Настапуваат Бинг Крозби
Бери Фитзџералд
Френк Мекју
Џејмс Браун
Дистрибутер Paramount Pictures
Премиера мај 3 1944 (1944-05-03)
Времетраење 130 минути
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик Англиски

Одејќи по својот пат е американски филм од 1944, режиран од Лио Мекери. Филмот е комедија-драма во која се обработува приказната за млад свештеник (Бинг Крозби) кој ја превзема контролата на парохијата од нејзиниот основач (Бери Фитзџералд). Крозби пее пет песни во филмот. Следната година било снимено и продолжение на филмот именувано „Ѕвоната на Св. Марија“. Овој филм имал најголема заработка во 1944, рекорд кој останал непоразен до крајот на 1940-тите. По Втората светска војна, Бинг Крозби и Лио Мекери му однеле копија од филмот на ватиканскиот папа Пиј XII.

Награди[уреди]

Одејќи по својот пат бил номиниран за 10 оскари, а освоил 7 од нив:

Награда Резултат Победник
Најдобар филм Победничка „Paramount Pictures“ (Лио Мекери, продуцент)
Најдобар режисер Победничка Лио Мекери
Најдобар актер Победничка Бинг Крозби
Најдобар актер Номинирана Бери Фитзџералд
Најдобро сценарио, адаптација Победничка Френк Батлер и Френк Кавет
Најдобра приказна Победничка Лио Мекери
Најдобар актер во споредна улога Победничка Бери Фитзџералд
Најдобра кинематографија Номинирана Лајонел Линдон
победил Џозеф Лашили за филмот Лаура
Најдобра монтажа Номинирана Лирој Стоун
Победила Барбара Меклин за филмот Вилсон
Најдобра оригинална песна Победничка Swinging on a Star  – Музика: Џејмс Ван Хаусен • текст: Џони Бурк


Надворешни врски[уреди]