Животот на Емил Зола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Животот на Емил Зола“
Животот на Емил Зола - плакат.jpg
Филмскиот плакат
Режирано од Вилијам Дитрили
Продуцент Хенри Бленк
Сценарист Метју Џозефсон (материјален извор)
Хејнз Хералд (приказна и сценарио)
Гиза Херкзег (приказна и сценарио)
Норман Рејли Рејн (сценарио)
Настапуваат Пол Мјуни
Глорија Холден
Дејл Сондергард
Џозеф Шилдкраут
Музика Макс Стејнер
Кинематографија Тони Годио
Монтажа Ворен Лоу
Студио Warner Bros.
Дистрибутер „Warner Bros.“
Премиера август 11 1937 (1937-08-11)
Времетраење 116 минути
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик Англиски

Животот на Емил Зола е американски биографски филм од 1937 за францускиот писател Емил Зола. Дејствието се одвива во средниот и доцниот 19 век и го опфаќа неговото другарство со истакнатиот сликар Пол Сезан, како и неговото возвишување низ неговото плодно пишување со делумен фокус на неговата вмешаност во аферата Драјфус. Премиерата на филмот се одржала во „Carthay Circle Theatre“ во Лос Анџелес и имала голем успех во критички и финансиски поглед (тогашните критичари велеле дека е најдобриот биографски филм направен до тогаш). Филмот сè уште добива високи пофалби од реномирани критичари. Овој филм бил вториот биографски кој освоил оскар за најдобар филм.

Во 2000, Животот на Емил Зола бил избран за биде зачуван од страна на националниот филмски регистар на САД како „културолошки, историски или естетски значаен“.